Убавата битолчанката Марија Груевска е релативно ново име на нашата музичка сцена, но ние сме убедени дека за оваа девојка времето допрва доаѓа.
Марија која многумина ја нарекуваат македонската Бијонсе на јавноста и стана позната по нејзиното учество во Икс фактор, а потоа и во првото македонското музичко шоу „На уста адреса“. Минатата година настапи и на Макфест кога со своите 18 години беше една од најмладите учеснички на овој познат фестивал, а пред неколку дена заврши и со снимањето на новата песна „Срце како мраз“ на која како автор на музиката се потпишува познатата македонска пејачка Тамара Тодевска, додека текстот е на Ксенија Николова. Песната наскоро треба да добие и видеозапис, а дотогаш уживајте во нејзините фотографии.
Па дали ви се допаѓа стилот на оваа девојка?
Фото: Инстаграм/ @marija.gruevska.12