Нова подобра верзија на Меланија Трамп во светот на модата
Кога пред неколку дена аргентинскиот претседател допатува во официјална посета во Шпанија сите очи беа вперени во неговата сопруга, Јулијана Авада. И тоа беше повеќе од доволно медиумите да почнат непрестајно да пишуваат за оваа егзотична убавица која со својата убавина својствена за латино убавиците го шармираше целиот свет. Нејзиниот татко е емигрант од Либан од едно мало место кое се наоѓа северно од Бејрут, додека нејзината мајка е од Сирија исто така емигрант во Аргентина. Тие се со силно муслиманско наследство но поради немирите во сопствените матични држави морале да емигрираат во Јужна Америка.
Јулијана Авада (41) пред да се омажи за претседателот Маурисио Макри (56) на кого ова му е трет брак, работеше во семејната текстилна компанија. Таа од претходниот брак, и тоа со белгискиот гроф, има ќерка Валентина, додека од актуелниот со Макри има една ќерка Антонија. Иако е со муслиманско потекло, Јулијана која има пет браќа и сестри, уште во детството преминала во католичка вера запишувајќи се најпрво во Двојазично училиште и подоцна на студии по англиски јазик во Оксфорд, пишува El Pais.
Меланија во едно од најмоќните изданија што сме ја виделе досега >>
Таа и пред да стапи во брак со Маурисио Макри беше редовен гост во таблоидните магазини и весници, но од моментот кога стана Прва дава на Аргентина нејзините фотографии се сеприсутни во медиумите.
Но тоа и не треба да не чуди бидејќи станува збор за поприлично модно освестена дама која со својот стил го плени вниманието каде и да се појави. Таа интересот за модната индустрија го наследи од нејзината мајка Елса Бакер која е на чело на модната куќа Авада.
И покрај црната кампања модното царство на Иванка Трамп не се распаѓа >>
Според некои магазини Јулијана важи за една од најдобро облечените дами на светот. Ова важи и за модната библија Вог кои секогаш се воодушевени од нејзиниот стилски избор без разлика дали носи комбинезон, фустан или skinny фармерки во кои изгледа фантастично.
Некои медиуми одат и чекор понатаму па ја споредуваат со Џеки О. Како и да е оваа дама и според нас изгледа прекрасно, а сигурни сме дека и вам нема да ви пречи ако и во иднина пишуваме за неа.
Девојка од соседството чии креации ги обожаваат дамите како Меланија Трамп и Кејт Мидлтон >>
Во право сме, нели?
На следната страна можете да видите уште комбинации >>