Реклама
Стил

Тајната на беспрекорниот стил на бремената убавица – фустан без кој НЕ може Бијонсе!

Реклама

Бијонсе со својата бременост ги привлекува погледите на сите откако на сензационален начин објави дека е во бремена состојба.

Таа своите важни моменти ги бележи на социјалните мрежи но и покажа дека бременоста не мора да биде досаден период во кој жените не можат да се облекуваат убаво и интересно. Имено, ако погледнете малку подетално на нејзиниот профил на Инстаграм на кој речиси секојдневно објавува труднички комбинации, можете да забележите како преферира еден вид фустани а кои мораме да признаеме дека и стојат одлично.

Маркетинг

Бијонсе во фустан од Мина Роу

Маркетинг

Така 35 годишната пејачка воглавно се потпира на долги фустани припиени за телото како би го истакнала бременото стомаче, но затоа со широки ракави кои даваат посебност и доза на елеганција. Последно такво издание можевме да видиме кога пред излегување позираше во бордо фустан од „Halston Heritage“ кој го носеше со црни сандали од кадифе.

Само неколку недели претходно, за Велигден, Бијонсе на семејната прослава се појави во речиси идентичен фустан само овој пат во дневна варијанта и поинаква боја. Таа носеше тогаш бел фустан од Мина Роу, а кога се договараше со Алесандро Мишел околу облеката за премиерата за филмот Убавица и ѕверот и беше препорачан сличен крој.

Бијонсе тогаш заблеска во зелен фустан од „Gucci“ со длабоко деколте и цветни детали и кој исто така беше со предимензионирани ракави.

Па, дали ви се допаѓа кралицата на поп музиката во ова издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button