Диети

Стероидите предизвикуваат агресија!

Реклама
Реклама

Разните видови на допинг и нивното влијание на организмот повторно се предмет на интересирање и истражување во стручните научни истражувања ширум светот.

alt 

Како двигател на овој нов бран на споменативе истражувања е случајот на параолимпиецот Оскар Писториус, кој во изминатата година беше доста актуелен и во медиумите и воопшто во круговите кои се занимаваат со истражувања поврзани со здравјето. До која мера е опасно консумирањето на споменатите супстанци и дали нивната употреба навистина може да предизвика агресија и промена во однесувањето кај луѓето?!

Маркетинг

Во куќата на Оскар Писториус, параолимпискиот победник, пронајдени се анаболици. Бидејќи постои реален сомнеж дека ја има убиено својата девојка, се поставува прашањето дали можат и на кој начин разни хормони – кои што врвните спортисти редовно ги употребуваат – да влијаат на психата и на однесувањето на некоја личност?

На оваа тема истражуваа новинарите од германскиот Deutsche Welle, па за свој стручен соговорник и експерт ја зедоа докторката Јана Матес, фармаколог од универзитетот во Келн.

Маркетинг

Deutsche Welle (DW): Како делува користењето на стероидите анаболици на човечката психа?

Матес (М): Тие делуваат сосема различно. Можат да предизвикаат разни пореметувања: депресија, халуцинации, манијакални симптоми, па и агресија – зависно од тоа во која количина се земаат. Поголеми дози (значи оние кои се користат за допинг), со поголема веројатност можат да ги предизвикаат овие појави, отколку кога тие хормони се земаат во терапевтски цели.

alt 

DW: Дали до сега имало случаи во кои атлетичарите поради анаболикот ја имаат „изгубено контролата“?

М: Агресијата под влијание на анаболици не е ретка појава. Во таа смисла се објавени истражувања. Оние постарите покажуваат дека една третина од атлетичарите се жалат на разни нус појави, а тоа честопати била агресија. Поновите истражувања пак докажуваат дека скоро 90% од сите спортисти кои ги злоупотребуваат анаболиците, кај себе забележуваат состојби на агресија.

Исто така интересни се и истражувањата на скандинавските земји. Тиа само како пример покажуваат поврзаност помеѓу злоуптребата на анаболикот и зголемениот криминалитет. Анаболиците – стероиди се машки сексуални хормони.

DW: На кој начин всушност тие делуваат и како воопшто доаѓа до губење на контролата?

М: Агресијата и губењето на контролата според мое мислење не се една иста работа. До сега се уште не е сосема разјаснет молекуларниот механизам кој делува на зголемување на агресијата. Познато е дека стероидите од групата на анаболици влијаат на делувањето на допаминот во мозокот, кој пак делува на интеракцијата на нервните станици.

DW: Постојат различни групи меѓу средствата за допинг. Може ли да се каже дека секое од нив делува различно и предизвикува различен начин на однесување?

М: Да, во основа може да се каже така. Различни средства делуваат на различни начини, а со тоа и нуспојавите се различни. Затоа и во спортот се користат разни допинг средства. На пример, оние кое се бават со стрелаштво, ќе земат нешто за смирување, од кое раката ќе им остане мирна. Па така тие ќе земат барбитурати, средства за смирување или опиоиди, кои се користат против болки. Средствата кои предизвикуваат спротивен ефект, значи, разни амфетамини и други стимуланси, можат да предизвикаат – барем на краток рок – чувство на напнатост, нервоза, но и агресија!

DW: Многу дроги, а меѓу нив и разни средства за допинг, водат до зависност. Што е со психичката зависност?

alt 

М: Тоа зависи од медикаментите. Споменатите амфетамини и опиоди многу често доведуваат до психичка зависност. Притоа мора да се нагласи дека опиодите кои се користат во терапија за намалување на болки, ако се земаат правилно се релативно безопасни! Во случај на злоупотреба тие стануваат проблематични. Што се однесува до анаболиците стероиди, по правило постои мала опасност од некоја психичка зависност, иако најновите истражувања покажуваат како сепак постои опасност и дека ризикот од зависност до сега бил потценуван.

DW: Еден од најпознатите случаи во историјата на допингот беше велосипедистот Пантани кој што почина поради преголема доза на кокаин. Дали може да се каже дека допингот е дрога со која се почнува пред да се премине на тешки супстанци?

М: Јас не би одела толку далеку со таквото тврдење. Тоа исто така зависи од еден случај до друг. Често се случува кога некој зема некое средство за допинг кое предизвикува зависност, во моментот кога престанува да го користи, веднаш истото го заменува со некоја друга дрога. Но мотивацијата зошто некој зема допинг стимуланси е сепак поразлична од онаа кога некој зема некоја друга дрога.

Извор: Deutsche Welle; Тобијас Олмајер

Поврзано

Back to top button