Наши ѕвезди

Стефи закрепнува по операцијата – „се чувствува супер, ми падна камен од душава“

На крајот на минатата година, македонската балерина Стефанија Гаштарска, според престижниот руски „Форбс“ беше избрана меѓу осумте млади балерини кои се надеж на рускиот балет. 

Advertisement

Ниеден голем успех не се достигнува без многу труд и без болка.

Македонската балерина Стефанија Гаштарска (23), направи успешна операција на коленото откако долго време чувствувала болки. Операцијата ја направила на клиниката „Цито“ во Москва.

Advertisement

Сега, Стефи закрепнува, и според зборовите на мајка ѝ, Марија, се чувствува супер.

Гаштарска ќе помине извесен период со семејството во Скопје, каде ќе продолжи со рехабилитацијата, а потоа повторно се враќа во Москва.

Advertisement

Потсетуваме, Стефанија е единствена балерина која во Русија доаѓа од странска земја и која влегла во театарот Бољшој на 18 годишна возраст.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button