Кафе муабет

Ова мало девојче е вистинско чудо – седум години живее со срце надвор од нејзиното тело

Advertisement

Оваа девојка е родена со срце надвор од своето тело

Advertisement

Докторите на нејзината мајка и кажале дека ќе умре. Таа не може да оди на операција поради проблеми со притисокот.

Вирсавија Батшеба Борун – Гончарова веќе седум години живее со срцето надвор од нејзиното тело. Родена е со ретко генетска деформација која погодува едно бебе на милион. „Тоа е моето срце, јас сум единствената која што има такво срце“, напиша девојчето. Нејзиното срце може да се види додека отчукува, а прекриено е само со тенок слој кожа.

https://www.instagram.com/p/BITjcIvhWDI/

Advertisement

„Носам само мека облека за да не го повредам моето срце“, вели таа.

„Носам само мека облека за да не го повредам моето срце. Одам, чекорам, скокам, трчам… Докторите ми велат дека не би смеела да трчам но сакам да трчам“, вели девојчето. Тоа е родено во Русија, а на нејзината мајка Дара Борун и кажаа да се подготви за најлошото. И кажаа дека нејзината ќерка нема да преживее. Тие затоа се преселиле во САД како би пронашле помош од стручни лица. Вирсавија требало да оди на операција, но поради проблеми со високиот крвен притисок операцијата е откажана.

„Дојдовме од Русија во Америка за докторите да ни кажат дека не можат да ни помогнат. Тоа беше многу тешко особено затоа што постојано ми велеа дека Версавија ќе умре, но таа се уште е жива, дише, трча и се игра како и сите останати девојчиња“, вели нејзината мајка.

Таа не смее да падне бидејќи тоа може да ја убие

Таа додава дека Вирсавија мора да биде многу внимателна. Не смее да падне бидејќи тоа би можело да ја убие. „Многу е нежна“, вели Дари. Семејството и се пресели во Холивуд и се надеваат дека лекарствата ќе го стават нејзиниот притисок под контрола и дека Вирсавија наскоро ќе може да оди на операција, пишува Мирор.

„Сакам да го цртам Исус, но и мали понија и ангели. Не одам на училиште и не одам на балет иако би сакала да го вежбам дома. Моето срце е тука и јас многу ја сакам мајка ми“ – вели ова девојче кое наскоро го очекува многу комплицирана операција.

{youtube}e-arktPeTck{/youtube}

Нејзината мајка документира сé што е во врска со неа на Инстаграм.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button