
Почина еден од најдобрите хармоникаши Бобан Копуновиќ, а многумина со солзи се простуваат од него.
Копуновиќ соработуваше со многу познати пејачи, а неговиот оркестар со години носеше музичка магија каде и да свиреше.
Бобан Копуновиќ Инстаграм
Сопругата на починатиот музичар, пејачката Снежана Копуновиќ е неутешна, а тешко е да се најдат зборови кои можат да ја ублажат болката од оваа ненадоместлива загуба.
„Брате мој, нека те чуваат ангелите“
И најблиските пријатели во солзи се збогуваат со легендарниот уметник.
фото фејсбук
– Сакаше да ја даде својата хармоника, или како што ја нарече „Принцезата“… да ја свири некој друг… А звукот на таа принцеза збогати многу песни што ги сними. На музиката и пристапуваше со голема љубов, исто како и семејството, животот и пријателите. Брате мој, ангелите да те чуваат и Господ да ти ја прости душата – со емотикон со скршено срце му се обрати неговиот пријател и колега на Бобан Копуновиќ.