Огласи
LIFESTYLEПрепораки

Срамота, нема да не биде: Ова се случува пред еден познат скопски манастир (видео)

advertisement
advert

Менталитетот кај нас е навистина загрижувачки, се уште зборуваме за тоа каде му е местото на отпадот.

Ако се загледате добро на насловната фотографијата ќе видите дека на таблата пишува:

ЧИСТО ВОДНО

реклама

Биди еко, биди зелен,

на Планетата само верен!

 

Марpкетинг

Но, ако уште подобро се загледате ќе видите купишта ѓубре токму околу оваа табла со оваа убава ознака. Вистинска иронија нели?

фото: Гламур

Ова место е паркингот пред манастирот Свети Пантелејмон, во Горно Нерези. Ужасна слика не пречека, купишта ѓубре на сите страни.

фото: Гламур

Забележавме со нашата камера низ фотографија и сакаме да ја споделиме оваа лоша слика за нас, со надеж дека сторителите ќе се поправат.

Поразговаравме со еден од монасите кој вели:

– Срамота, ова е секојдневно тука вака. Многу пати со помош на планинарите организираме акции за чистење, но ако исчистиме во сабота веќе во недела сликата е повторно ваква, како воопшто да не сме чистеле – вели монахот.

И сигурно некој сега ќе рече, па нема никаде канти каде да го фрлат. Да, на паркингот нема ниту една канта, затоа што задно со таблата биле поставени неколку корпи, но сите ги искршиле.

Но дали е тоа причина ѓубрето да се остави на земја?

фото: Гламур

Ова е навистина голем срам за нас, бидејќи ова место е многу популарно и кај странските туристи, кои сакаат да го посеттат преубавиот манастир. Место коешто е викенд прибежиште за чист воздух и за духовен мир.

Ѓубре од секаков вид е распослано на сите страни. Најверојатно млади доаѓаат до овде со коли за да се дружат, се паркираат и расфрлаат на сите страни отпад. н акрајот безгрижно си заминуваат оставајќи ужас од себе.

epp
фото: Гламур
фото: Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button