Реклама
Култура[тор]

Spring Art Festival – Штип

Реклама

По трети пат годинава, на 17, 18 и 19 Мај во Штип ќе се одржи мултимедијалниот настан, фестивалот за култура и уметност, Spring Art Festival – Штип !

Маркетинг

Станува збор за настан кој во своите рамки обединува повеќе културни ивенти и art настани, собрани на едно место, кои ќе се одржат и прикажат во текот на три фестивалски денови – а тоа ќе бидат наредните четврток, петок и сабота во Домот на Млади во Штип (институција која е еквивалент на МКЦ во Скопје и која го промовира и подржува уметничкиот пулс во градот Штип и Источна Македонија воопшто…).

Фестивалот има за цел да ги презентира уметничките струи и движења во нашата држава на домашната публика, кои честопати се во заден план од секојдневните тривијалности кои ни го потполнуваат секојдневието. На фестивалов ќе бидат прикажани дела и проекти на познати и анонимни творци од нашата држава кои што немаат можност да се гледаат на сцената на ’мејнстримот‘, па така наредниот викенд во Штип претставува ретка прилика за ’принтање‘ на уметнички импулс во животот на секоја индивидуа со желба за надополнување на сопствената уметничка емпирија. 

Маркетинг

Фестивалските денови не се поделени во строги групи и вид на презентации и уметности. Во секој ден ќе има настани од различна природа и карактер, па така секојдневно ќе може да се присуствува на проекции на филмови, музички концерти, настапи, мултимедијални, перформанси и слично. 

За повеќе и подетални информации во врска со фестивалската програма за секој ден, кликни тука:

http://www.facebook.com/events/379987452038089/?ref=ts

alt

alt  

alt

alt   

Поврзано

Back to top button