Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Спомнете си ја оваа молитва кон св. Климент Охридски

Реклама

8 декември се одбележува како ден на св. Климент Охридски Чудотворец, најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, голема фигура во христијанството и просветителството. Споменте си ја оваа молитва кон св. Климент Охридски.

ФОТО: Printscreen

Светителу, оче Клименте, рамноапостолен, пастиру добар на целиот словенски род! Ти, кој душата своја света ја положи за нас, овците свои, и во многу Божји патишта стадотот го упати, вселувајќи не’ на место спокојно и објаснувајќи ни го Светото Писмо со својот јазик, откако со вода спасителна со светотот Крштевање не’ воспита и по патеките на правдата не’ упати за да вршиме добри дела.

Преку тебе словенскиот род Бога Го позна, црквите со песни се украсија и празниците преку поуки се објаснија. Преку тебе свештениците според свештениот канон благочестиво да живеат се научија. Преку тебе монасите се поучуваат на подвижнички живот како светителите. И, земен ангелу и човеку небесен, ти кој на Господа му ги приготвуваш избраните, кои копнеат за добри дела, тебе те молам и на тебе се надевам: пази го секогаш твоето наследство и отстрани ја лукавата ерес, која го разорува твоето стадо како истребувачка болест, што ги растерува и одвраќа овците од пасиштето твое, свети добар наш пастиру! Запази не’ нас, неискусните твои воспитаници, особено сега кога е неволјата блиску и нема кој да ни помогне и кога непријателите сакаат војна, и мртвите тела на чедата твои за храна да им ги остават на птиците небесни. Мир на луѓето твои дарувај им, за да поживееме во секое благочестиеи празниците твои да ги почитуваме во секаква радост, прославувајчи Го во Светата Троица Единиот Бог, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови.

Маркетинг

Амин!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button