Оние кои најмногу се самосожалуваат себеси, постигнуваат најмалку
Ова е мал потсетник кој може да ви помогне полесно да ги поминете тешките времиња.
Сите нешта во животот се минливи
Секој момент носи нов почеток и нов крај. Секоја секунда добивате нова можност. Само треба да ја прифатите и да направите најдобро што можете.
Болката е дел од процесот на растење
Кога времињата се тешки, потсетете се дека ниедна болка не доаѓа без цел. Бидете трпеливи и позитивни. Нештата ќе се средат, ако не веднаш, тогаш кога ќе дојде нивното време.Знајте дека постојат две видови болки – онаа која боли и онаа која ве менува. Немојте да се плашите од ниедна од нив, бидејќи и двете учат како да растете.
Сите нешта во животот се минливи
Секој момент носи нов почеток и нов крај. Секоја секунда добивате нова можност. Само треба да ја прифатите и да направите најдобро што можете.
Загриженоста не менува ништо
Не дозволувајте сенките од минатото да го замрачат преминувањето во вашата иднина.Ако „денес“ се грижиме за „вчера“ тоа нема да го направи утрешниот ден подобар. Наместо тоа, најдобро е да направите нешто.