Стил

Три беспрекорни есенски комбинации на Меланија Трамп

Advertisement

Меланија Трамп не престанува да ги воодушевува сите

Advertisement

Првата дама на Америка која во моментов е на азиска турнеја заедно со нејзиниот сопруг секојдневно не воодушевува со нејзините модни комбинации.

Таа најпрво се појави во бел миди фустан на преклопување со црн тенок ремен со кој ја истакна нејзината тенка половина, а целата комбинација ја зачини со атрактивни салонки со високи потпетици украсени со интерен црно-бел детаљ.

Advertisement

Покрај оваа фантастична комбинација Меланија не воодушеви и со капутот во кобалт боја и со потписот на италијанскиот моден бренд „Emilio Pucci“, додека стајлингот го заокружи со високи потпетици од Кристијан Лобутин.

Но она со што најмногу не воодушеви госпоѓа Трамп за овие неколку дена од турнејата е капутот од „Fendi“ кој убавата Словенка го носеше со кожено здолниште од „Herve Pierre“ и високи потпетици во „nude“ нијанса од генијалниот „Manolo Blahnik“.

Па, која од овие комбинации во се допаѓа најмногу?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button