Реклама
Коса

Направите совршена фризура за само 5 минути

Реклама

Сигурна сум дека на сите многу често ни се случува да немаме време да скокнеме до нашиот фризерски салон, а сакаме да имаме средена фризура.

Маркетинг

И тогаш, настануваат проблемите, особено кога немаме идеја што сакаме да направиме со неа. Затоа еве неолку интересни совети кои можат да ви послужат во оние моменти кога се брзате, треба да одите на некој закажан состанок, а сакате да имате скротена и убава фризура.

Како ја сушите косата многу важно!

Доколку косата почнете да ја сушите веднаш штом ќе ја измиете, додека во неа се уште има капки вода, сушењето ќе ви одземе премногу време, а обликувањето ќе биде тешко. Затоа треба најпрво да ја извадите водата од вашата коса, така што прво грубо ќе ја просушите со студен воздух, а потоа да ја оставите сама да се суши додека се шминкате. Кога косата ќе биде околу 80 отсто сува, таа е спремна за обликување. Ова не важи само за оние девојки кои имаат груба и виткана коса, која пред да почне да се обликува треба да биде сува од 25 до 50 отсто.

Маркетинг

Доколку сакате волумен, тогаш најпрво исушете ги корените, а потоа подигнете ги прамените нагоре. Доколку сакате совршено глатка и рамна фризура, префрлете ја косата на едната страна, осушете ја и потоа обликувајте ја.

Скротете ја вашата коса за 5 минути

На кратка коса нанесете малку крем и размешајте ја со прстите. Влакната ќе ви бидат собрани на купче, а фризурата лежарна. Доколку сакате да направите посредена варијанта, косата измазнете ја со восок или гел.

Долгата коса зачешлајте ја во разбушавен кок. Подигнете ја косата во опашка и разделете ја во три прамени. Секој замотајте го околу лентата и врзете го со шнола.

Боб до брада или рамиња?

Тешката и дебелата коса полесно можете да ја скротите доколку е долга. За равна коса идеална боб фризура е онаа што е до брадата или до рамењата, но само доколку можете лесно да ја обликувате.

Густата, бранеста коса, потстрижете ја до рамињата.

Поврзано

Back to top button