Диети

Бијонсе ја откри тајната за нејзината совршена фигура

Мама Бијонсе го покажа своето тело во бикини на насловната страна на магазинот Shape.

31 годишната поп-дива позираше во бикини за магазинот Shape и без многу парталчиња на себе ги покажа нејзините облини. Таа во интервјуто зборува за нејзините навики поврзани со исхраната, диетите и за проблемите со килограмите по бременоста.

„Се обидував да останам подалеку од црвеното месо, јадев многу риба, а тестенините и оризот ги заменив со quinoa.“

Quinoa има премногу добар прехранбен состав, содржи есенцијални аминокиселини како што се лизин, калциум, железо и фосфор. Зрнцата се варат исто како и оризот, а листовите се јадат исто како зелена салата (на пр. блитва)

„Појадокот никогаш не го прескокам, а ручокот и вечерата не можам ни да ги замислам без риба и зеленчук. Преку ден се обидувам да внесам што е можно повеќе течности, а во недела се честам со pizza“- вели Бијонсе во интервјуто за магазинот Shape.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button