Реклама
Коса

Како да изберете совршена боја на косата

Реклама

Ако сакате вашата коса да остане сјајна и здрава, треба да внимавате и на бојата, а не само на шампонот и регенераторот.

 

Маркетинг

Сите ќе се сложиме дека тоа и не е баш така едноставно и дека има многу работи на кои треба да се обрне внимание. За почеток да спомнеме дека не е препорачливо бојата на косата да ја менувате дома, особено кога станува збор за драстична промена. Сепак, најдобро е тоа да го направи вашиот фризер!

 БЕЗ РИЗИКУВАЊЕ 

Маркетинг

Доколку ја бојадисувате косата прв пат, најдобро е да одберете полутрајна боја за коса. Ваквите бои се отстрануваат по неколку миења на косата, па доколку не сте ја погодиле вистинската нијанса, нема да имате големи проблеми. Бојата брзо ќе падне па ќе можете повторно да се обидете, без оштетувања на косата.

При изборот на бојата за коса немојте никако да се водите според сликата на пакувањето, бидејќи не значи дека ќе ја добиете токму таа нијанса или пак дека ќе ви прилега подеднакво добро како и на моделот на сликата.

 ЗАДОЛЖИТЕЛНА НЕГА 

За да ја одржувате косата здрава и сјајна треба еднаш во неделата да ставате маска за бојадисана коса. Најдобро е да изберете производ од истата фирма како и бојата на коса што ја користите. Со маските за коса, како и со регенераторите не треба да се претерува бидејќи од големи количини косата брзо ќе ви се измрси.

Доколку често ја бојадисувате косата пожелно е при секое бојадисување малку да се скратат краевите и повремено да се освежи косата со трипроцентен хидроген. Исто така, избегнувајте да ја сушите косата со фен, оставете ја да се исуши по природен пат секогаш кога ќе можете.

 МАЛИТЕ ТАЈНИ ЗА ЗДРАВ ИЗГЛЕД НА КОСАТА 

Според стручните лица, црвените нијанси одговараат на скоро сите типови кожа но сепак, црвената е најдобар избор за оние што имаат светол или розев тен.

• Доколку имате бели влакна, косата треба да ја бојадисувате со полутрајни бои и да избирате посветли нијанси од вашата природна боја на косата. Полутрајната боја многу помалку ја оштетува косата од трајната, така што можете почесто да ја користите.
• Доколку многу често ставате разни препарати на косата, таа побзо ќе се мрси, ќе го изгуби сјајот и природната свежина.
• Косата треба да ја штитите од сонцето и во текот на зимскиот период, особено кога сте на планина.
• Доколку често ја бојадисувате косата треба и почесто да ја кратите – доволно е сантиметар-два месечно.
• Со секое бојадисување косата губи на квалитет. Освежете ја повремено со трипроцентен хидроген или колор шампон кој што не ја оштетува косата.
• Сушете ја косата по природен пат.

Нијанси на косата за потемен тен

Доколку имате темен тен и кафеави очи, одлично ќе ви прилегаат златни нијанси на боја за коса каква што е на пр. бојата на карамела. Подеднакво добро ќе ви прилега и бојата на чоколадо, како и сте топли нијанси на кафената боја.

Нијанси на косата за посветол тен

Доколку имате светол тен најдобро ќе ви прилегаат пепеласто-руса и студена кафеава нијанса. Ако покрај светлиот тен имате и кафени очи, никогаш не смеете да ја бојадисувате косата во многу светли тонови – ќе изгледате како дух!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button