Шминка

Совети за отстранување на шминката кои ќе ви бидат од голема корист

Advertisement

За правилно отстранување на шминката, потребно ви е вистинско средство за чистење лице и отстранување на шминката од очите.

 

Advertisement

За правилно отстранување на шминката, потребно ви е вистинско средство за чистење лице и отстранување на шминката од очите. Не е правилно да го измиете лицето, а притоа да го заборавите делот каде што почнува косата или вилицата. Па, погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви бидат од голема корист.

Совет 1: Дали морам да го измијам лицето пред спиење?

Да, особено ако имате шминка. Ако сакате да се разбудите со убава и свежа кожа, важно е секогаш пред спиење добро да го исчистите вашето лице.

Advertisement

Совет 2: Дали да користам тонер?

Многу жени користат тонер затоа што сметаат дека тој ги отстранува сите нечистотии, маснотии и шминка, но сепак, многу експерти за шминкање се сложуваат со тоа дека тонерот не е неопходен. Многу средства за чистење на лицето се одлични, додека тонерите ја отстрануваат и природната маснотија на кожата, што може да ја исуши.

Совет 3: Дали да користам влажни марамчиња при отстранување на шминката?

Според советите на експертите, ова не би требало да го правите, затоа што влажните марамчиња не ги содржат неопходните состојки за отстранување на шминката.

Совет 4: Кожата ми е сува, како да ја отстранам шминката а да не ми стане уште посува?

Одерете средство за чистење на лицето во однос на вашиот тип кожа. Ако ви е премногу сува, одберете масло за чистење. Нанесете го на памук и чистете го лицето, па полека шминката ќе биде отстранета.

Совет 5: Имам акни

Ако имате акни, најдобро е да го миете лицето со силицилно средство за чистење. Ако кожата ви е масна, користете средство за чистење во облик на пена.

Совет 6: Дали наутро повторно да го мијам лицето?

Лицето нема да ви биде гнасно ако спиете на чиста перница, така што нема потреба за темелно миење наутро. Премногу чистење ја суши кожата. Ако наутро ви е масна, измијте се со топла вода. Исто така можете и да притиснете топал пешкир на вашето лице.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button