Модни совети

Пет совети на Ана Винтур за успешна кариера

Advertisement

Уредничката на американското издание на модното списание Вог Ана Винтур одговараше на прашања од група млади луѓе кои се надеваат дека ќе успеат во модниот бизнис.

Advertisement

Резултатот беа совети за успешна кариера што може да се применат во која било професија, не само во светот на модата. Кои се тие? Продолжете да читате:

1. Прво учете од професионалците. Во ред е да работите хиерархиски под некого

Advertisement

„Единственото нешто што малку ме загрижува на патот од факултет кон отворање на свој бизнис е што малкумина успеваат“ – Ана Винтур

2. Мислете на вашите долгорочни цели

„Во денешниов свет возможно е да се стекне инстант слава, дали преку Инстаграм или некоја друга платформа, но сосема друга работа е да се биде успешен финансиски на долгорочен план“ – Ана Винтур.

3. Вашата личност и начинот на кој се претставувате значат многу

„Во денешнава средина мора да имате интеракција со светот. Не може да бидете некој што е многу тежок за соработка, срамежлив и да не можете да гледате некого в очи. Мора да знаете да се претставите. Мора да знаете како да зборувате за својата визија, работите на кои сте фокусирани и идеите во кои верувате. Ако не чувствувате страст кон она што сте и она што го работите, како може да очекувате другите (вашата публика) да го почувствува тоа?“ – Ана Винтур.

4. Работете, дури и ако тоа не е вашата работа од соништата

„Најдете работа. Без разлика дали ќе работите како дизајнер или во ресторан, а потоа ќе работите на вашата идеја во слободно време. Тоа е реалноста. На крај тоа искуство ќе ви помогне вам и на многу други“ – Ана Винтур.

5. Најдете си ментор

„Многу е важно да имате некој со кој ќе разговарате и ќе дискутирате за сè и со кој ќе разменувате идеи“ – Ана Винтур.

Извор: Who What Wear

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button