Совети за правилно миење на косата (+ награда за матурантки)
„Правилното миење на вашата коса е првиот чекор кон здрава и убава коса.“
Многу е важно да не ја потцените важноста на ова и да не ја направите истата грешка како што тоа го прават многумина.
Најпрво што треба да нашравите пред да ја измиете вашата коса е да ја исчешлате со што ќе избегнете вашата коса по миењето да биде замрсена. Второто нешто, и можеби најважно од се, е правилниот избор на вашиот шампон како и правилната количина што ќе ја употребите за миење на вашата коса.
Шампонот го избирате според типот на вашата коса (нормална, мрсна или сува) но купувајте ги оние што се поскапи, бидејќи (верувајте, сите се согласуваат за ова!) не треба да се штеди кога е во прашање вашата коса! Во случај да не знаете кој шампон би требало да го користете, тогаш обратете се до вашиот фризер, тој најискрено ќе ве посоветува.
Ако сте го набавиле правилниот шампон, тогаш време е за бањање, нели? Намокрете ја ваша коса со топла вода (не со жешка или студена!) и со прстите проверете дали водата дошла до вашата кожа. Топлата вода помага влакната да се опуштат и подобро да го апсорбираат шампонот со што ефектот на миење ќе биде поголем.
Е сега следува најважното од се, а тоа е оптималната количина на шампон за вашата коса!
– Доколку вашата коса е кратка, тогаш пречникот на кругот на шампонот на дланката треба да ви е околу 1, 5 сантиметри.
– За средна должина на косата, пречникот треба да изнесува 2, 5 сантиметри.
– За долга коса шампонот нанесен на вашата дланка треба да има пречник од околу 4 сантиметри.
Откако сте го ставиле шампонот земете со врвот на прстите нанесете го на вашето теме и нежно трлајте. Шампонот не треба да го нанесувате по целата должина на вашата коса, туку со прстите поминете ја целосно вашата коса и пената самата ќе се нанесе рамномерно.
Многу е важно вашата коса добро да биде измиена од шампонот бидејќи во спротивно вашата кожа ќе се исуши и тоа ќе предизвика чешање. При второто шампонење приметувате дека има многу повеќе пена, а тоа е знак дека вашата коса првиот пат била поприлично валкана. Во случај, пак, пената уште при првото миење да е густа, тогаш не е потребно истот процес да го повторувате два пати.
НОВИ ПРАВИЛА ЗА НАГРАДАТА! |
Еднаш месечно, фризерското студио на академија AVANGARDE ќе додели на една наша читателка БОЈАДИСУВАЊЕ НА КОСАТА СО БОЈА НА ПРИРОДНА БАЗА КОЈА ЈА ХРАНИ КОСАТА И И ДАВА ПРИРОДЕН СЈАЈ. Настанот ќе биде проследен со репортажа и фотографирање, а материјалот ќе биде објавен на нашиот портал. (Ова е само во случај доколку среќната добитничка се согласува на тоа!)
Како што објавивме претходно наградата за месец март ја доби Јована Филиповиќ од Куманово, а за месец Април – Весна Станојевска (ја чекаме да се јави во редакција!). Доколку сакате да видите како изгледаше среќната добитничка по бојадисувањето на нејзината коса, кликнете тука!
Наградната игра продолжува и понатаму, со мали промени во правилата.
Секој понеделник објавуваме информации поврзани со негата на коса. Сите заинтересирани читателки што ќе ги поканат своите FB пријатели чиишто имиња или презимиња започнуваат со буквата А (кликнете на share, а потоа на „испрати како порака“, изберете ги сите пријатели на А и поканете ги истите да ни се придружат) и ќе испратат своја слика на адреса [email protected] со наслов Мој Фризер, влегуваат во потесниот круг за избор за месечната наградна игра. (Значи избраната девојка треба да има што е можно повеќе заеднички пријатели со Штипка!)
Девојките кои веќе имаат испратено свои слики учествуваат и во понатамошните кругови на наградната игра, со тоа што треба и понатаму да ги следат правилата и да ги поканат своите пријатели на А да ни се придружат …
Овој награден круг трае до 29.05.2011 година.
MEСЕЦОВ ПРЕДНОСТ ИМААТ МАТУРАНТКИТЕ!!! |
Отвори Тефтер, види нешто интересно!