Реклама
Вирално

Шoкантни податоци, итно се огласија од СЗО, ја спомнаа Македонија и коронавирусот – НЕ, ова воопшто не се убави вести!

Реклама

Светската здравствена организација (WHO) предупредува дека прв пат после повеќе месеци е забележан забрзан раст на заразени со коронавирусот во земјите од Европа и централна Азија, јавува Би-Би-Си.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, предупредува дека коронавирусот во земјите од Европа, доколку се остави без надзор, повторно ќе ги доведе здравствените системи пред амбис.

Маркетинг

Дури во 11 земји вирусот се шири забрзано, а Македонија е една од нив. Останатите се Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Казахстан, Косово, Молдавија, Шведска, Украина и Киргистан, пишува Би-би-си.

„Светската здравствена организација е наш стратешки партнер. Освен поддршката во консултации, препораки, донации, оваа меѓународна институција ни оддава и признание за напорите, трудот, неуморната работа на здравствените работници, институциите и властите во справување со вирусот. И во однос на менаџирање на кризата на терен, методологијата и мерките, но и во однос на целосно транспарентаната комуникација со јавноста и известувањето за состојбата со вирусот во нашата земја., напиша Филипче вчера на својот Фејсбук, споменувајќи ја Светската здравствена организација.

Маркетинг

Инаку, деновиве амбасадорите на европските земји треба да се состанат заради повторното отворање на границите по 1 јули. Една од опциите што ги разгледуваат земјите членки е да им се дозволи влез на патници од одредени земји, а да им се забрани влегување на патници кои доаѓаат од земји во кои има висока стапка на зараза, вклучувајќи ги и САД, Русија и Бразил.

Во светот бројот на заразени е над 9 милиони, а се очекува да скокне над 10 милиони.

„Минатата недела првпат по толку месеци во Европа е регистрирано зголемување на неделните бројки на новозаразени”, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге денеска на прес-конференција во Копенхаген. Во изминатите две недели дури 30 европски земји пријавиле растечки броеви на новоинфицирани. „Во единаесет од овие земји забрзувањето на пренесувањето е толкаво, што доколку не биде ставено под контрола, повторно ќе ги стави здравствените системи на работ на амбис”, предупреди Клуге, но не ги кажа конкретните држави и националните бројки, пренесе „Дојче Веле“ на македонски.

Според СЗО, моментно во Европа дневно се регистрираат речиси 20.000 нови случаи на коронавирус и преку 700 лица кои го изгубиле животот.

Во Германија последниве седум денови има меѓу 500 и 700 новозаразени лица. Како што информира Институтот Роберт Кох, досега во Германија по инфекција со коронавирус животот го изгубиле 8927 пациенти.

Посебно голем број новоинфицирани во Германија се регистрирани во кланицата „Тенис” во округот Гитерсло, каде е повторно воведен карантин со бројни ограничувања на јавниот живот. Зголемување на стапката на репродукција беше забележано откако стотици работници се тестираа и беа позитивни на КОВИД-19 во една кланица која се наоѓа во северна Германија, што резултираше со повторно затворање на локалните училишта и итна истрага.

Од овие причини, и германскиот министер за здравство Јенс Шпан предупреди на внимателност:

„Онаму каде му го олеснуваме ширењето на вирусот, каде не се почитуваат стандардите за држење физичка дистанца и хигиенските правила, инфекцијата се шири прилично брзо. Важно е да бидеме свесни: вирусот е тука и летово.“ Но, Германија, исто како и Полска, Шпанија и Израел заслужуваат пофалби според Клуге. Во изминатите денови овие држави реагирааа исклучително брзо на избувнувањето нови жаришта во училишта, рудници и производствени погони и преку итна и целна интервенција ги ставија под контрола, истакна регионалниот директор на СЗО.

Нашите ангели и во време на пандемија (Фото: Фејсбук/ Венко Филипче)

Нови мерки за кафулињата и рестораните

Кај нас и покрај тоа што ситуацијата со новозаразените воопшто не е оптимистичка, владата постојан носи нови мерки со кои се обидува да ја врати ситуацијата во нормала. Овие мерки се однесуваат првенствено на укинувањето на она што во изминатиов период беше забрането, а за некои од нив постојат и бројни нови правила и протоколи.

Па така сега кафулињата и рестораните ќе моѓат да ги служат своите гости и во внатрешните простории, а во Сложбен весник се објавени и протоколите за работа. Овие протоколи се однесуваат за кафетериите, како и за рестораните, односно објектите во кои се служи храна.

Овие правила за работење ќе важат и за надвор, и за затворениот дел од локалите, при што може да се забележи дека се исти со оние кои досега важеа за терасите.

Односно, вработените мора задолжително да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на раце.

Потоа, се ограничува бројот на гости, односно тие единствено смеат да седат, а не и да стојт во објектот. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси. Еден од условите е задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.

Останува иста и неопходата раздалеченост, односно, во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, треба да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5 до два метри со соседните маси во сите правци. Остануваат во игра и правилата дека на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, а четворица само доколку се од исто семејство.

Задолжително ќе мора да има поставено дезинфекционо средство за раце на секоја маса. Ќе мора да се вршат и засилени внатрешни контроли на вработените од одговорно лице за одржување на личната хигиена, во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.

Неопходни ќе бидат и засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената, пак, ќе биде задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси, а алтернативно може да се користи 0,05 натриум хипохлорит. Неоопходно ќе биде и редовно одржување на тоалетите, со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на дезинфекциони средства.
Забрането е користење на сушачи за раце и задолжително е користење на хартиени бришачи за еднократна употреба.

Како што вели протоколот, забрането е организирање на прослави, односно веселби, родендени и слично, и во отворениот и во затворениот дел од објектот. Забрането ќе биде и организирање на музички настани и внатре, и надвор во рамките на објектот.

Истите правила ќе важат и за рестораните, со таа разлика што кај нив, покрај гостите кои седат, ќе смеат да влезат и гости кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки на храна.

Исто така, во рестораните ќе биде дозволен максимален број од 12 лица на споени маси, заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри.

Остануваат правилата дека на една маса за четворица ќе можат да седат максимум двајца, освен ако не се семејство.

Како да НЕ се заразите

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 Телевизија потенцираше дека не постои ниту еден единствен податок дека некој човек се заразил ако ги почитувал мерките.

„Не постои ниту еден единствен податок, ниту еден анкетен епидемиолошки лист којшто укажува на тоа дека човек се заразил ако ги почитувал мерките.

Правевме анализа и направивме увид, или не се носеле маски или имало голем собир со огромен број на луѓе на мала дистанца, или дистанцата не се почитувала во рамките на малите семејни настани. Ова е уште еден показател дека единствен начин да се заштитиме е почитувањето на овие мерките“ – рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за зголемениот број на ново дијагностицирани случаи, Филипче објасни дека во изминатиот период се прави интензивно тестирање на контакти, пред се на оние кои се во висок ризик.

Д-р Мирослав Бошковски кој донираше крвна плазма за пациентот од Ресен, кој за жал вчера ја изгуби битката од Ковид-19

„Здравствениот систем навреме регираше на коронавирусот, со пристап кој значи интензивна анализа и тестирање на сите контакти на новозаразените, пред се оние кои се со визок ризик. Тоа не доведе во ситуација да имаме навистина голем број на детектирани случаи. Под 15% е бројот на дијагностицирани лица кои се наоѓаат на болничко лекување, додека останатите се со полесни симптоми и се наоѓаат на домашно лекување или се целосно асимтоматски случаи. Асимптоматската трансмисија е една од најголемите слабости насекаде во светот во детектирањето на ширење на вирусот. Затоа заземавме став да имаме вака агресивна стратегија. Идентификување на сите контакти кои имале претходно физички контакт со заболените лица со цел навреме да бидат ставени во изолација, да го пресечеме ланецот на пренос на инфекцијата.“, изјави министерот Филипче и образложи дека во последните денови секаде во регионот има пораст за заразни со ковид-19, но не можат да се споредуваат само бројките на нови случаи, без притоа да се земе предвид структурата на здравствениот ситем, стратегијата и пристапот во тестирањето на секоја од земјите.

Тој во однос на болничкиот капацитет и медицинскиот кадар се осврна и вчера, кога на својот Фејсбук напиша:

„Ја следиме ситуацијата со болничките капацитети и медицинскиот кадар и на дневна основа, по потреба, правиме прилагодувања и ротации за да одговориме и на овој предизвик. Но, она што за нас е најважно, е поддршката на граѓаните, нивно целосно почитување на мерките и солидарност. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост, постепено, се враќаме кон редовните животни активности, повеќе од било кога е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширењето на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен.“ напиша на Фејсбук Филипче.

Извор: Дојче Веле, БиБиСи, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button