Реклама
MAMAКафе муабет

Соновник: Што значи ако сонувате мачка?

Реклама

Соништата за мачките се многу чести и спаѓаат во 20-те најсонувани работи. Еве што означува мачката во сон.

ФОТО: metro.co.uk

Да видите мачка во сон

Ако во сон видете мачка, тоа укажува дека ќе имате беспотребни трошоци. Можно е да не бидете реални во врска со вашата финансиска ситуација и да купувате работи кои ќе ви претставуваат луксуз.

Сонување дека тепате мачка

Ако тепате или убивате мачка, тоа укажува дека ќе имате еден непријател помалку. Најверојатно ќе ја отфрлите од вашиот живот личноста која ви пречи на деловен или приватен план.

Маркетинг

Сонување бела мачка

Ако во сон видете бела мачка, тоа е предупредување да се чувате од лицемерни луѓе.

Сонување дека мачка ве изгребала

Ова означува дека ќе се изненадите непријатно. Може да се случи една личност која била љубезна со вас, да го покаже своето друго лице и да ве разочара.

Маркетинг

Повеќе мачки

Во вашето опкружување најверојатно постојат личности кои на вашите потези реагираат со одобрување. Иако ви се допаѓаат нивните комплименти, ќе почувствувате потреба да слушнете искрено мислење од некој кој ви посакува добро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button