Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Таа нема да си игра со вас: Со жената Лав секогаш ќе знаете дали сте сакани или не

Реклама

Жената Лавица е искрена и со неа секогаш ќе знаете на што сте.

ФОТО: unsplash.com

Во секој момент од вашиот живот ќе знаете дали ве сака или не. Тука не постои многу филозофија и морате да ѝ верувате во целост, затоа што нејзиното големо и топло срце никогаш не би го изневериле оној кој го сака. Кога на нејзината листа на приоритети ќе се искачете доволно високо, вистината од нејзина страна доаѓа лесно…

Оваа жена сака да биде третирана добро. Може да се каже дека има големи барања, но во суштина тоа зависи од опкружувањето од кое доаѓа и начинот на кој е воспитана. Сака да има можност да сјае и својот партнер да му го покаже на целиот свет. Сака да танцува и да шири радост и насмевки. Едноставно, сака да биде среќна и да ужива во животот.

Маркетинг

На оваа жена потребно ѝ е да ја почувствува радоста на животот и да заборави на оние работи кои ја прават уморна и тажна. Излегувањата со неа умеат да бидат вистински предизвик, затоа што таа има доволно енергија да поместува планини и истото го очекува од својот избраник.

Оваа жена честопати е лошо сфатена и ја сметаат за премногу гласна, незадоволна… Проблемот во разбирањето на оваа жена доаѓа од нејзината огнена природа и неможноста да ја држи устата затворена и добро да размисли пред да делува. Но, дали навистина ѝ е потребно ова?

Маркетинг

Лавиците се тука да ни донесат светло. Нив ги краси прекрасна насмевка, големо срце и способност од невозможното да направат возможно. Длабоко во себе, Лавиците знаат дека не постои нешто што не може да се направи и тоа може да ве инспирира и мотивира да ги решите проблемите кои одамна ви стојат на патот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button