Реклама
Интервју

Со сопругот гледавме „Ѕвездички“ , едно убаво дете, со прекрасен глас се викаше Лазар, така син ми го доби името – искрено со КИКИРИТКОВА

Драги мами читајте внимателно, можеби и од ова искуство ќе научите нешто корисно.

Реклама

Познатата модна дизјанерка Маја Кикириткова е една инспирација од жена за тоа дека сè се може доколку се сака и со две мали дечиња. Таа е постојано активна, вредна, а притоа секогаш дотерана и со беспрекорен изглед.

 

Маркетинг

Перфекционизмот, чистотата, уредноста и модата кај Маја се забележува и од птичја перспектива. На нашето прашање каква мајка е одговори дека е принципиелна. Маја има две мали дечиња, момче и девојче. Ја поканивме да биде гостинка во нашата рубрика – РОДИТЕЛИТЕ НА 21 ВЕК.

Еве кои се предизвиците на денешните родители според македонската дизјанерка и како таа ги воспитува своите деца.

Маркетинг

Драги мами читајте внимателно, можеби и од ова искуство ќе научите нешто корисно.

 

Дали е тешко да се биде родител на две малолетни деца ?

 

Родителството е една од најтешките работи. Постојно учиме и они од мене, а и јас од нив. Потребно е баланс, како и за сѐ во животот, компромис и договор. Нашите деца од мали ги воспитуваме да бидат самостални, сами да ги извршуваат сите обврски и тоа во моментов е потешкиот пат, бидејќи нередот е голем, но на долгорочни стази итекако е добро.

Имате ли помош од некого при чувањето?

Со сопругот од прв ден децата ги чуваме сами. Родителите на сопругот се починати, моите живеат во Штип, така што помош немаме никаква. До некаде е тешко околу организација, но во однос на воспитувањето, секојдневно ги нема бабите и дедовците кои би го рушиле редот кои ние го воспоставуваме.

Може ли да ни опишете какви се Лазар и Ева ?

Воопшто не се слични. Лазар е многу темпераментно дете, многу зборува, постојано прашува, без разлика дали е тоа дома или надвор со некој кој не толку многу го познава. Ева е индиферентна, секогаш тера по свое, тоа што го има наумено на ваков или на таков начин ќе го оствари. Со непознати воопшто не се впушта во комуникација.

Како ви минува денот со нив?

Наутро спремање за во училиште и градинка, ги носам и таму се во 15:30 часот. Потоа доаѓаме дома, ручаме и во меѓувреме денот е различен. Два пати неделно ги носам на англиски, излегуваат надвор на улица или Лазар на фудбал. Навечер легнуваат во 21-21:30 часот.

Викендите се резервирани само за нас, доколу не одиме некаде, седиме во двор, им даваме кофи и собираат лисја од оревот. Како и да е, денот е полн со некои активности.

Како ги добија имињата вашите деца?

Уште пред да останам бремена со Лазар, со сопругот гледавме “Ѕвездички” и имаше едно детенце Лазар што беше многу убаво, харизматично и многу убаво пееше. Јас реков, ако имаме машко дете ќе го крстиме Лазар. Сопругот се согласи и така и се случи.

За Ева имавме повеќе имиња во игра. На крај останаа Кира и Ева. Јас бев за првото, сопругот повеќе за второто. Кога се роди Ева, Лазар беше во Штип кај моите, му дадоа ливчиња на кои беа напишани имињата и он го извлече ливчето со името Ева, па така Ева го доби името.

 

По какви методи ги воспитувате?

Децата ги воспитуваме според нашата интуиција. Како што напоменав и погоре, ги оставаме сѐ сами да прават. Тоа според мене е многу битна работа за во подоцнежни години. Од сам старт имаа ред во однос на спиење и до ден денес го имаат. Лазар израсна во Градски Парк во количка, а Ева е дете родено во Корона, па постојано беше во количка во двор.  Не сум фанатик на модерно воспитување, но не практикувам ни традиционално. Некој микс што одговара на детето, бидејќи секое дете е приказна за себе.

Што мислите има ли голема разлика во начинот на растење на децата во 21 век,за разлика од времето кога вие сте биле дете?

Денес имаме премногу информации, што до некаде е во ред, но сепак мислам дека со и многу работи се претерува. Секое време си има свои предности и маани. Мене најмногу што ми смета во ова време се телефоните кои постојано се даваат на децата.

Моите деца се 6 и 4 години и до ден денес не гледаат телефон. Понекогаш и јас знам да им дадам, кога сме излезени, па им е досадно, но тоа се случува неколку пати годишно. Не судам, секој родител знае што е најдобро за своето дете.

Кој е најголемиот предизвик со кој се соочуваат родителите на 21 век?

Брзиот начин на живот, неможноста да бидат подолго време во денот со своите деца.

Вие сте жена која не живее со модата туку ја дише модата. Колку вашите деца покажуваат афинитети за мода?Дали се од оние деца кои самите кажуваат што сакаат да облечат или што ќе им спреми мама?

Моите деца се задони со мода, сакале или не сакале ☺️ Многу имаат попримано од мене, а и јас постојано им зборувам дека облеката за надвор, не е облека за по дома и обратно. И двајцата избираат што ќе облечат, до тој степен да и чорапите им одговараат со облеката 😂

Дали за модата влијаете и кај вашиот сопруг? Дали вашиот збор е последен кога се декорира /уредува нешто дома? 😊

Сопружниците се лонче и капаче. Мојот сопруг и пред да ме запознае бил човек кој секогаш бил среден и убаво изгледал. Не можам да кажам дека да изгледа убаво му е влијание од мене. Домот заеднички го уредуваме, дури можам да кажам дека он многу повеќе се вложува во него отколку јас.

Каква мајка сте ?Како би се опишале себеси?

Принципиелна.

 На кој начин ги делите обврските со сопругот околу децата?

Тоа што јас го правам, го прави и он. Немаме поделени обврски. Поголемиот дел од времето додека децата се дома, сме сите четворица заедно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button