Вирално

Како убиството на пејачката Јелена Марјановиќ стана најгледаното реално шоу на Балканот

Advertisement

На Балканот се е можно …

Advertisement

Смртта на пејачката Јелена Марјановиќ не е фикција иако нема да се чудиме ако деновиве се појави и вест дека пејачката не е убиена, туку дека станува збор за некаква шега или евентуално за холивудско-балкански експеримент со кој би се искоренил нашиот синдром поради кој постојано бистриме политика давајќи и значително место во нашите животи. Па така јавноста денес наместо да се интересира за дневно-политички теми и кој колку украл – што обично и го правиме – и наместо да расправа како ќе ја оправи државата (додека јаде ќебапи од месо со сомнително потекло во некоја евтина маалска кафеана), се повеќе се однесува како во крими романите на Агата Кристи барајќи го одговорот на прашањето – кој е убиецот на Јелена Марјановиќ? Колку морбидно ова и да звучи, главниот проблем е во тоа што сето ова и не е многу далеку од вистината бидејќи решението за нејзиното убиство се повеќе потсетува на реално шоу, а луѓето кои се појавуваат во медиумите и кои зборуваат за настанот изгледаат како дебело да се платени за тоа и за да ја забавуваат публиката.

Па, поморбидно од ова може ли да биде?

Проблемот е во тоа што сослушувањето на првите сведоци во истрагата е закажано за 6 октомври. Тоа значи дека не постои пресуда и дека официјално се уште НИКОЈ не е убиец. Пред неколку дена разговарав со едни пријатели од Србија и тие ме „информираа“ дека станува збор за секта и дека најверојатно целото семејство е вмешано во убиството. „Знаете кога секташите ќе изберат некого за својот ритуал, тој е готов“ велат тие убедени дека сопругот на пејачката е еден од убијците. И јас ги разбирам потполно. Едноставно нема некој што не го интересира што навистина се случи на тој 2 април 2016 година кога свирепо беше убиена пејачката. И тоа е сосем во ред. Но воопшто не е во ред што таа вест се следи на ниво на реално шоу, а медиумите постојано се полни со приказни поврзани со убиството. Поминаа 17 месеци од грозниот настан, а според она што можевте да го прочитате во медиумите комплетната истрага се сведува на бомбастичните наслови во истите тие медиуми. Дури и Вучиќ изјави дека убиецот ќе биде уапсен и од тогаш поминаа месеци и месеци, Зоран и неговиот татко се појавија во најгледаните телевизиски емисии во Србија (тоа е исто како да гостуваа во Миленко Неделковски шоу или кај Васко Ефтов и да зборуваат за убиството!), и токму кога сопругот на пејачката влезе во „вистинско“ реално шоу се случи апсење – и тоа не на било кој, туку неговото. Тој е главниот осомничен за убиството на пејачката „само“ 17 месеци откако се случи истото.

Advertisement

{youtube}sqRDbWtVJJE{/youtube}

И ситуацијата да биде уште покомплицирана дури и претседателот на Србија се вмеша во „шоуто“ со неговите изјави: „Само да можевте да ги видите фотографиите на кои се гледа како е смачкана главата на мајката на тоа дете. Нејзиниот череп е пробиен неколку пати. Таквите монструми заслужуваат најголема казна. Не разбирам како некои можат да симпатизираат некого кој на мајката на своето дете и го пробил черепот на неколку места“. Еј ова го вели претседателот на Србија, Вучиќ, кој во моментов е нешто како Груевски во Македонија, но од пред бомбите на Заев. И кога тој ќе каже нешто, тоа МОРА да е така. Исто како што беше со жолтото комбе на вмровците. Или со Диме Спасов и бркотницата низ центар. А колку што знаеме судењето не е ни започнато, но тоа очигледно не е ни важно, бидејќи кметот на една држава во оваа буре барут знае кој е убиецот?! Но, за да го доловиме подобро лудилово во кое што живееме, мислам дека сите треба да си ги поставиме следниве прашања.

Зошто луѓето во Србија повеќе зборуваат за нерешеното убиство на пејачката, отколку за нивниот празен стомак?

Едноставно повеќе ништо не е важно – ниту тоа дека не сте вработени, ниту корупцијата, фактот дека фрижидерите се празни, а и дека нема пари за лечење на болните деца во странство. Културата е на најниско ниво, и така, меѓу звуците од кркорењето на вашите црева, и ѕвонењето на домашниот телефон на кој ве бараат од банката само за да ве потсетат дека не сте го платиле кредитот, читате „Неверојатен пресврт во истрагата со убиството на Јелена Марјановиќ: Адвокатот изнесе информации кои ја шокираа јавноста“.

Како може човекот кој ќе биде сослушан дури во октомври да биде прогласен за убиец, и тоа од страна на претседателот на државата?

Па како што можеше и Заев да биде прогласен за виновен пред судењето и да започне, или пак, како што Љубе Бошкоски беше наместен од страна на поранешни високи офицери на грчките тајни служби, а ниту еден медиум да не ја отвори малку подлабоко оваа тема.

{youtube}bxdZT_UmbKI{/youtube}

Но да се вратиме на темата…

Кој ќе се грижи за кутрото детенце?

Малата Јана, ќерката на убиената Јелена Марјановиќ и таткото Зоран кој е осомничен за нејзиното убиство доживотно е осудена на трауми. И тоа како од страна на државата и релевантните институции кои се неспособни да го решат ова убиство, но и од страна на медиумите кои ја користат туѓата несреќа за да го зголемат својот тираж. И сега без разлика дали ќе се појави нова теорија на заговор во која ова убиство ќе биде е толкувано како алатка која ја користи ПР тимот на владејачката партија во Србија, или ЦИА, да го дислоцираат вниманието на јавноста од важни теми, вистинското прашање кое постојано се избегнува е што ќе се случува со кутрото детенце? Кој ќе и помогне? Не треба да заборавиме дека малата Јана НЕ е измислен лик, туку човешко суштество од крв и месо, како и јас и вие, незаштитено и НЕ по своја вина фрлено во најгледаното балканско реално шоу. Кој го дозволи тоа? Зошто?

{youtube}UWGUtHsHJfk{/youtube}

И за крај, кое е новото риалити што ни го подготвуваат

А кога ова ќе заврши?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button