Кафе муабет

Како да ја пронајдеме смислата на нашето постоење

Advertisement

Не заборавајте дека секому понекогаш му е тешко.

Advertisement

Многу е напорно кога секојдневно работите нешто во што не уживате и за што не ви е многу гајле. Но, ако ги следите вашите соништа, барем ќе бидете изморени од она што го сакате.

Можеби ќе ви се чини дека тоа и не е некој голем придонес за целокупна рамнотежа, но сепак, нема да бидете во право. Ако го земете најдоброто од вашиот живот и уживате во секој обичен момент, сe што е околу вас ќе стане необично. Кога ќе го работите она што го сакате, секое утро ќе се будите со задоволство и ќе ви биде мило што дошол уште еден ден, па ќе бидете исполнети со искрена радост која постојано ќе се шири. Токму како кога кажувате некоја интересна шега, па од неа ќе излезат уште забавни глупости, па ќе почне уште некој да се смее со вас, па уште некој, додека на крај не почнат сите да уживаат во гласната смеа, па ќе ве заболи стомакот, ќе останете без здив, толку многу што нема да можете да станете од место.

Сепак, најдоброто од сe кога го работите она што го сакате, е тоа што со тоа ги охрабрувате и другите да ги следат своите соништа, па така вие и вашите пријатели можете да го смените светот. Дури и кога ќе доживеете некој неуспех, секако ќе уживате во тоа неверојатно животно искуство и навечер ќе заспиете знаејќи дека сте дале сe од себе и сте направиле нешто, а наутро ќе ѝ се радувате на иднината која е прекрасна и возбудлива колку што можете да посакате.

Advertisement

Само ако го слушате вашето срце и се обидете да го направите првиот чекор, никогаш нема да погрешите!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button