Реклама
Култура[тор]

Сликите на Celar Fcp

Реклама

Celar Fcp. е уметник од Hong Kong, кој вниманието во своите дела го акцентира кај жената.“ Ги слика во секакви изданија и се инспирира од различни типови на женски карактери. Од сериозни и карактерно затворени и апатични ликови, до моменти во кои егзалтацијата од самиот живот или конкретниот момент се отцртува на целиот нивни физикус, преку духовната состојба која Celar секогаш знае да ја претстави многу суптилно! Најчеста техника која ја практикува е масло на платно.

Ние, во оваа мала галерија која подготвивме за вас, има слики од две различни изложби, кои во себе ја имаат онаа заедничка нишка на карактерите за која на кратко спомнавме погоре. Илустрациите кои овој тип ги прави се навистина допадливи уште при прво гледање. Ја прикажуваат жената во лично, емотивно и интимно издание, на кое повеќето луѓе на кои сензуалноста им е иманентна карактерна црта, со сигурност ќе реагираат со топли емоции. Видете за што ви говорам….

Маркетинг

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button