Култура[тор]
„Следи ме“ – одлична колекција на руски фотограф

Мурад Осман е фотограф со седиште во Русија. Ја има воодушевено јавноста објавувајќи фотографии на кои ја следи својата атрактивна девојка во разни земји во кои патувале.
„Бит на фотографијата за мене значи да се доловат и прикажат стварите кои луѓето ги немаат или им недостасуваат. Тоа е начин на комуникација.“, вели Осман.
Колекцијата на фотографии ја прикажува девојката на Мурад која го влече за рака низ Венеција, Светот на Дизни, Лондон и многу други места. Ние направивме мала селекција од целиот негов проект, едноставно наречен „Следи ме“.
Затоа уживајте, бидејќи веруваме дека и вам исто така ќе ви се пробудат пријатни емоции додека ги разгледувате фотките на Мурад Осман.