Реклама
Рецепти

Рецепти за сладолед од режимот за здрава исхрана на Викторија Бекам

Реклама

Викторија Бекам се ’колне‘ дека нејзината поранешна колешка од Спајсиците, Мел Си пред само некое време го пробала и се чувствувала неверојатно, исти е случајот и со Кели Брук која книгата со рецептите ја чува на полиците.

vicaldoled1

Маркетинг

Ова всушност е диетата на Викторија за 2013-та година, која цели кон создавање на совршена рамнотежа на ПХ факторите во телото, со вредност помеѓу 7.35 и 7.45 која одлично влијае на дегестивниот систем.

Заедно со губењето на несаканите килограми, останатите бенефиции се поттикнување на имунитетот, зголемување на нивото на енергија и одржување на нивото на шеќер во крвта на нормално ниво. И додека во скоро сите диети се говори постојано за избегнување на млечните производи, месото, грицките и слично, никој ништо не вели за сладоледот.

А еве сега еден од рецептите на Викторија:

Маркетинг

Сладолед од јагоди и кокос

Правењето сладолед воопшто не треба да биде сложена процедура. Се што ви е потребно е малку трпение, но овој рецепт е многу лесен и мал грст јагоди му дава толку вибрирачки вкус кој трае навистина долго.

Потребни состојки за четири порции:

250 гр. Јагоди

225 милилитри крем од кокос

125 милилитри сок од кокос

2 сок од агава

1 лажица прашок од ванила

½ иседен лимон

vicaldoled2

Начин на подготовка:

1.    Исецкајте и потоа нежно изгмечете 50 гр. Јагоди и оставете ги настрана.

2.    Ставете ги останатите состојки во блендер и мешајте ги додека не се добие еднаква смеса. Добиената смеса ставете ја во сад, заедно со изгмечените јагоди.

3.    Финално добиената смеса ставете ја во плиток сад и оставете ја да замрзне.

Сé што ви ост6анува после е да уживате во прекрасниот сладолед.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button