Реклама
Кафе муабет

Слаби или „стандардни“ девојки? Конечно добивме одговор и на ова тешко прашање!

Реклама

Според истражувањата на еден британски универзитет, на девојките со просечна големина не само што не треба да им се затворени вратите на модата, туку модната индустрија може и да профитира од нив, и тоа дури и подобро од слабите!

Отсекогаш многу се зборувало за идеалот на женското тело во рамките на модната индустрија, но со експанзијата на социјалните мрежи, на интернет почнаа да се водат жестоки расправии за слабите, стандардните девојки и оние кои влегуваат во категоријата плус-сајз девојки. Но сега, научните институции имаат еден интересен одговор на оваа тема. Имено, според истражувањата на еден британски универзитет (ОК, ќе бидеме искрени со вас, не станува збор за некој многу познат универзитет!) девојките и жените со просечна големина можат да продадат многу повеќе облека отколку нивните слаби конкурентки. Алелуја!

Маркетинг

Експериментот, односно студиите беа направани под водство на професорот Хуеми Бјана од „University of Kent“ кој испраша 530 девојки на возраст од 16 до 25 години какви модели преферираат во модните кампањи. Според неговите резултати кога станува збор за реномирани модни брендови, девојките подеднакво реагираат на слабите и на моделите со просечна големина, но кога ќе им бидат претставени каталозите на новите, помалку познати брендови, тие подобро ги прифаќаат кампањите во кои моделите изгледаат стандардно и нормално, отколку оние во кои манекенките се претерано слаби.

Маркетинг

„Според нашите истражувања модната индустрија не треба да се плаши од услугите на девојките со просечна големина во своите рекламни кампањи, а не ретко со таквиот пристап би можела и да профитира“, објаснува професор Хуеми.

Што мислите вие?

 

Поврзано

Back to top button