Реклама
LIFESTYLEХороскоп

На прв поглед ќе ви изгледаат бесчувствителни, но Скорпиите во суштина се многу грижливи

Реклама

Првиот впечаток понекогаш може да не’ прелаже. Тоа се случува и кога ќе сретнете личност родена во хороскопскиот знак Скорпија.

ФОТО: unsplash.com

Скорпиите даваат впечаток на бесчувствителни и иронични личности, понекогаш делуваат насилни и сурови, но реалноста е сосема друга. Длабоко во себе тие се многу чувствителни и грижливи личности. Полни се со емпатија, сакаат да им помагаат на другите, а многу се исполнети и кога ќе видат дека израдувале некој друг.

Секогаш се спремни да помогнат и ги туркаат другите нанапред. За нив пријателите се свето нешто. Кога ќе видат дека некој нивен близок е во неволја, е тогаш настапуваат на сцена без оглед на околностите.

Маркетинг

Од друга страна, Скорпиите знаат добро да ги сокријат своите емоции, а понекогаш и да ги исклучат, но тоа е со цел да се заштитат себеси за да не бидат повредени. Ако имате некој проблем, повикајте ги Скорпиите затоа што тие се способни да ви го најдат решението уште веднаш. Ако не можат самите да ви помогнат да постигнете некоја цел, тогаш со сигурност ќе најдат личност која ќе ве извлече од неволјата. За нив е предизвик да го бараат решението и да ги елиминираат проблемите.

Затоа, ако имате Скорпија до вас, обидете се да погледнете подлабоко во нејзината душа, можеби се крие нешто што никогаш не го покажува пред другите!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button