Реклама
FashionСтил
COVER STORY

Модните изгледи на Греми 2025 – Канје и голата Бјанка исфрлени, ќерката на Бијонсе како тетка

Бијонсе стана првата Афроамериканка која ја освои наградата за кантри албум, Канје Вест и Бјанка Ценсори исфрлени од Греми поради шокантниот изглед.

Реклама

Во Лос Анџелес се одржа 67-тото доделување на Греми наградите. Победник беше пејачката Бијонсе, која ја доби наградата за најдобар албум за првпат во кариерата: наградата ѝ беше доделена за нејзиниот нов албум Каубој Картер.

Но, Канје Вест, кој беше номиниран за наградата во категоријата „Најдобра рап песна“, немаше толку среќа: не само што беше исфрлен од церемонијата поради бизарната облека на Бјанка Ценсори, туку и Кендрик Ламар ја зеде статуетката. Награди добија и Шакира, Лејди Гага, Сабрина Карпентер и други.

Маркетинг

Шакира, Лејди Гага, Мајли Сајрус, Били Ајлиш, Парис Хилтон со нејзиниот сопруг Картер Реум, Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер, Оливија Родриго, децата на Вил Смит, Џејден и Вилоу и други го привлекоа вниманието на црвениот тепих.

Шакира на црвениот тепих со синовите Милан и Саша, заедно ја однесоа дома статуетката за најдобар латино поп албум, фото – принтскрин Инстаграм

На црвениот тепих се појави и Канје Вест со сопругата Бјанка Ценсори, која ја соблече бундата токму пред фотографите и остана во целосно проѕирен фустан на голото тело.

Маркетинг

Изгледот на Бјанка ги шокираше гостите, а парот беше замолен да си замине од настанот

Бијонсе ја освои наградата Греми за најдобар кантри албум за нејзиниот албум Cowboy Carter, и покрај скандалите околу неа: нејзиниот сопруг Џеј Зи беше обвинет за силување, а таа самата се смета за вмешана во злосторствата на Пи Диди и е обвинета за смртта на пејачката Алија.

12-годишната ќерка на Бијонсе како 40-годишна жена

Статуетката на Бијонсе ѝ ја врачи Тејлор Свифт, што многумина го сметаа за симболично: според теоријата на заговор која стана вирална на Интернет, Бијонсе ја сметаше Тејлор Свифт за своја конкурентка и сакаше да ја „елиминира“, па кога Свифт ја доби наградата за најдобар албум пред 16 години, Канје Вест дури излезе на сцената и рече дека наградата требало да ѝ припадне на Бијонсе.

Бијонсе се појави на церемонијата со нејзиниот сопруг Џеј Зи и ќерката Блу Ајви, кои пристигнаа само неколку минути пред да биде објавена нејзината победа.

Реакцијата на пејачката на нејзината победа веднаш стана вирална на интернет.

фото-принтскрин Твитер

На социјалните мрежи повторно се дискутира за имиџот на 12-годишната ќерка на Бијонсе, Блу Ајви: таа дојде на Греми наградите во виолетова балска тоалета со отворени раменици.

Додека многумина на Интернет го пофалија добриот вкус на Блу Ајви и рекоа дека таа ќе биде „икона за стил како нејзината мајка“, многумина ги критикуваа Бијонсе и Џеј Зи што ја облекуваат нивната ќерка како возрасна жена.

Критики за ќерката на Бијонсе која според многумина ја облекуваат како тетка, фото-принтскрин Инстаграм

„Нели има 12 години? Зошто изгледа и се однесува како 40-годишна жена?“, „О, боже, зошто го облекуваат ова девојче како да е возрасно?“, „Изгледа премногу возрасна“, коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Голата Бјанка – подвижен скандал

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори беа исфрлени од Греми наградите. Двојката излезе на црвениот тепих и позираше пред фотографите. Најпрво Бјанка на тепихот се појави во кафена бунда, која потоа ја соблече и остана во целосно проѕирен фустан, облечен на голото тело без долна облека.

фото – принтскрин Јутјуб
фото – принтскрин Инстаграм
Бјанка Ценсори гола на црвениот тепих, фото – Инстаграм принтскрин

Појавувајќи се угол гола, 30-годишната Бјанка Ценсори ги шокираше гледачите и корисниците на социјалните мрежи, а полицијата набрзо го изведе парот надвор од церемонијата.

Како што забележува Дејли Мејл, тие наводно дошле на церемонијата без покана. Канје Вест беше номиниран и за наградата во категоријата Најдобра рап песна.

На социјалните мрежи многумина сугерираа и дека парот бил замолен да ја напушти церемонијата за да се избегне скандал со Тејлор Свифт.

Така, еден ден претходно, следбениците на Инстаграм на Канје Вест забележале дека во пресрет на Греми, тој не „следи“ никого освен Тејлор Свифт, со која постојано се кара. Пред 16 години, на церемонијата на доделување награди, тој излезе на сцената кога Свифт ја примаше наградата и изјави дека Бијонсе всушност требало да ја добие. Годинава, наводно, бил подготвен да ѝ направи нов скандал на Свифт.

Лејди ин ред

Пејачката Тејлор Свифт беше онаа која дефинитивно го украде шоуто на црвениот тепих.

Облечена во секси црвена креација од Вивиен Вествуд, пејачката привлече внимание и со буквата Т која „висеше“ од под мини фустанчето, поточно точно под шлицот. Многумина погодуваат дали буквата Т се однесува на нејзиното момче – американскиот фудбалски играч Тревис Келче или пак, е иницијал од нејзиното име.

Инаку, Келче не беше присутен на Греми наградите.

фото – принтскрин Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button