Реклама
Култура[тор]

Лагите на Hollywood II

Реклама

Во првиот дел од текстот (кликни тука за да да го видиш првиот дел) на истава тема веќе ви кажавме неколку факти за филмската вистина и правата вистината….

Маркетинг

Сега ќе продолжиме понатаму, за да наредниот пат кога ќе гледате некој историски спектакл да не голтате се што ќе ви надробат. Знајте дека и филмовите знаат да бидат со исто толкава точност како вестите кои кружат низ етерот од поголемиот број на македонските медиуми.

Brave Heart

Маркетинг

alt

Што ни кажаа во филмот: William Wallace е шкотски национален херој кој на Англичаните им покажувал заби, а богами и г’с, копја и буздогани. По пат се вљубил во француската принцеза, но љубовта немала долг век бидејќи по пат го исецкале на парчиња.

Како било во стварноста: Несреќа е што Gibson во филмот свесно ги занемарува вистинските факти и својот филм го базира на песна од 15 век “The Acts And Deeds of Sir William Wallace, Knight of Elderslie “, чиј автор е поет по име Blind Harry. Wallace, роден 1272, бил син на мал велепоседник, склон кон ситен криминал и конфронтација со Англичаните. Откако ќе убие еден локален шериф, во шкотската борба за круната се придружува на онаа страна која смета дека тронот треба да му припадне на Шкот, а не на Англичанец. После извојувањето на низа мали победи, ги поразува Англичаните и во битката на Стирлиншкиот мост 1297, а после година дена неговата војска е поразена кај Falkirk. Бега во Франција, за да после 7 години се врати, биде издаден и расчеречен во London.

Pearl Harbor

alt

Што ни кажаа во филмот: Michael Bay на кормилото, а Ben Affleck и Josh Hartnett како храбри борци против камиказите. И еден американски председател, кој патротизмот ќе го подигне од инвалидската количка.

Како било во стварноста: На страна тоа дека американската влада знаела за јапонскиот напад, но сепак го дозволила за да има изговор пред народот за влегување во војната. Во 3 британски Eagle Squadrons во Европа од 1940 летале американски доброволци, но цивили, а не воени пилоти, па на крајот имале повеќе жртви отколку бутнати непријателски авиони. Освен тоа, ниту еден од тие пилоти не летал над Pearl Harbor, туку дури после нападот сите се пријавиле во американската војска. Двете фаци на кои се темелени нашите јунаци, го преживеале ударот само затоа што ја поминале ноќта картајќи се, а повеќето нивни пријатели биле убиени од ’пријателскиот оган‘ во целиот тој хаос. А во американскиот воздушен напад од Април 1942, Јапонците имаат претрпено само полесни оштетувања. Бомбардерите не можеле да носат многу бомби поради додатното гориво кое го носеле поради должината на летот.    

Black Hawk Down

alt

Што ни кажаа во филмот: Тешка пиздарија во Сомалија: Воената акција тргнува по зло и американскиот воен хеликоптер паѓа во Mogadishu, а на маринците им останува да ја санираат штетата и ги извлечат соборците од срањето.

Како било во стварноста: Уште во старт филмов е прогласен за американска воена пропаганда. Начинот на кој е раскажана приказната има разлутено еден куп луѓе кои се имаат згрозено од тоа како една трагично лошо изведена акција на крајот добива скоро херојски happy end. ’Заборавено‘ е да се споменат причините поради кои Сомајлијците имаат пукано по Америте, како што е одмаздата за ’попатното‘ убивање жени, деца и невини. Иако сите заслуги им се препишуваат на Американците, по улиците всушност се имаат борено меѓународни трупи, а Сомалиската влада лично има протестирано поради фактот што не е прикажано како нивните сили имаат учествувано во акцијата за спасување на американските војници, а истото го имаат направено и Пакистанците. Врв на сé е елиминирањето на вистински одликуваниот војник John Stebbins од сценариото. Тој е заменет со измислениот John Grimeson, по барање на Пентагон, откако вистинскиот војник добил 30 години затворска казна за силување на својата 6 годишна ќерка.  

The Untouchables

alt

Што ни кажаа во филмот: Eliot Ness и уште тројца недопирливи го прогонуваат Al Capone, а на крајот конечно го испраќаат во темница, благодарение на откритието за неплаќање на данок – што за државата нормално отсекогаш било поголемо злосторство од убиство и рекет.

Како било во стварноста: Не знаеме дали причината е штедење или едноставна практичност за полесно пратење на дејствието, но знаеме дека во стврноста не биле само четворица Недопирливи, туку десет. Освен тоа, сите три лика освен Ness се фиктивни. Министерството за финансии знело дека Al Capone не плаќа данок и основало посебен оддел чија што задача било да го докаже тоа. Нападите на производствените капацитети за Огнена Вода биле главна занимација на полицајците од Chicago, па Ness во својата екипа воглавно имал разбивачи. Информациите ги добивале со прислушкување. Во вистинскиот живот Al Capone и Ness никогаш не се сретнале, се до самото судење. Во филмот се убиени двајца недопирливи, а во стварноста ниту еден, а Ness тогаш не бил семеен човек со жена и деца, туку ерген кој дури доста покасно со третата сопруга посвоил син, години откако се пензионирал.

Битката На Неретва

alt

Што ни кажаа во филмот: Храбрите партизани го спасуваат Главниот штаб на НОВЈ и Главната боница со 4 000 ранети и болни од канџите на Германците и домашните издајници, со херојскиот премин преку Неретва.

Како било во стварноста: Она што е познато под името 4-та офанзива е серија акции кои почнале на 9 Февруари 1943г. со германскиот напад на Бихачката Република и завршиле на 15 Март со партизанското бегство на источната страна на Неретва. Непријателот требало да биде напаѓан онаму каде што е слаб, а сé друго било бегање од сигурно уништување. На 11 ожујак се одржани т.н. „Мартовски преговори“ на кои високорангирани партизани отишле кај Германците во Горни Вакуф со предлог за прекин на судирот, бидејќи главните непријатели на НОВЈ се четниците. Документ со предлогот се уште постои, а сé завршило со размена на неколку стотици заробеници. 

Alexandar

alt

Што ни кажаа во филмот: Александар Велики (упс, македонски) освојувал земји, сакал музика, се карал со татко му, а во слободното време ’плескал‘ млади, згодни дечки. Oliver Stone вели дека неговиот филм е најблизок до вистинските случувања.

Како било во стварноста: Прво Грците се заканија со тужба поради приказот на ’нивниот‘ херој како љубител на машки ануси, а потоа почнаа да се јавуваат и историчарите. Иранците се побунија поради наводно неточниот приказ на Персијанците и Македонците, а посебно им сметало тоа што во филмот Александар ја прегазил персиската војска во една единствена битка кај Guagamela, иако историјата вели дека судирот се состоел од низа крвави битки. Освен тоа, Персисјците се портретирани како неорганизирана, шлампава и неуниформирана војска, наспроти противтезата на дисциплинираните Македонци кои внимаваат на секој чекор во марширањето, си ги мијат забите и не се ги драпаат мудата пред жени. Индијците се исто така шокирани, велат дека во тој сегмент сé е промашено: погрешен јазик, манири и култура. Имено, Индија е прикажана како тогашен епицентар на муслиманското влијание, иако Исламот во тоа време воопшто не постоел. А за чудо види, само од Македонија нема никакви негодувања за ’нашиот‘ Аце Бејби – сé си е на место. Или можеби филмот беше направен пред нашето античко будење?!

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button