Реклама
Наши ѕвезди

Синот на Амди Бајрам доби внука – објави прва фотографија од бебенцето, го откри и името

„Богат е оној човек кој е најсреќен и има пород позади себе. Дури сега знам дека сум богат“

Реклама

Претседателот на Унијата на Ромите и син на починатиот македонски пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам, по втор пат стана дедо.

Неговиот син Валентин Бајрам заедно со неговата сопруга Деби, добија девојче на кое му го дадоа името Ана.

По тој повод Габриел се огласи на социјалните мрежи и напиша:

Маркетинг

„Денес на мојата среќа и нема крај. Се чувствувам како птица која лета низ небото во бесконечноста. Енергијата која ја добив денес, ќе ми даде сила да продолжам да се борам. Добив светлина како Сонце, која ќе ми го осветлува патот каде и да одам. Добив внука од мојот син Валентин, нека и жива и здрава. Не постои реченица која може да ја опише денешната радост и среќа“.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Габриел Бајрам

„Сине Валентин нека ти е жива и здрава керќичката Ана, невесто Деби, ти благодарам што денес ме усреќи и исполни со радост. Господ е Голем и прави чуда. Милионите, моќта и имотот не го прави човекот богат“.

Фото: Фејсбук/ Габриел Бајрам

„Богат е оној човек кој е најсреќен и има пород позади себе. Дури сега знам дека сум богат“, напиша гордиот дедо на својот Фејсбук профил.

Фото: Фејсбук/ Габриел Бајрам

Инаку, Габриел покрај Ана ја има и внуката Лаура која што ја доби од ќерката Перијан во 2021 година и од која често објавува фотографии на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/ Габриел Бајрам

Тој овој пат објави и неколку фотографии од свадбата на Велентин и Деби, но и една фотка на која се гледа рачето на внуката.

Фото: Фејсбук/ Валентина Бајрам

Потсетуваме, Габриел својот син Валентин го ожени во септември минатата година, кога направија свадба за памтење.

Настанот го собра целото семејство по многу време, а гостите ги забавуваше познатиот пејач Адил Максутовиќ.

Фото: Фејсбук/ Габриел Бајрам

Невестата блескаше во раскошната венчаница и уживаше во најубавиот ден облечена како принцеза, а посебно внимание привлече и сестрата на младоженецот, Перјан, која исто така блескаше.

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Повеќе фотографии погледнете тука

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button