Стил

Што се носеше на синиот килим на „Critics’ Choice Awards“?

Advertisement

На доделувањето повторно главна тема беше насилството врз жените

Advertisement

По доделувањето на Златниот глобус кога познатите актерки носеа црно за да испратат силна порака дека насилството врз жените не е прифатливо и дека мора да му се стави крај, следуваше „Critics’ Choice Awards“ каде актерките беа облечени во најразлични бои. Водителки на вечерта беа Оливија Мун и Ниси Неш, а тоа што само некои девојки беа во „all black“ издание не значи дека главна тема на вечерта повторно не беше сексуалното насилство над жените. Па така Рејчел Броснахан која ја освои наградата за најдобрата женска улога со филмот „The Marvelous Mrs. Maisel“ во својот говор посети дека и покрај тоа што жените не се дојдени во црно насилството врз нив се уште е топ тема и дека оваа војна за жените е на самиот почеток. Не беше избегната и темата за тоа што актерот Марк Волберг за филмот „All the Money in the World“ заработи 1.5 милиони долари, додека Мишел Вилијамс одвај илјада долари. Оливија Мун се пошегува дека е среќна што за ангажманот како водителка на „Critics’ Choice Awards“ добила пари исто колку и Мишел за филмот, а останатите милион долари симболично ги уплатиле на сметката на Марк.

Но да се вратиме на модата! На синиот килим овој пат преовладуваа фустани речиси во сите бои, а најдобрите погледнете ги во продолжение.

Advertisement

Па, кој од овие фустани ви се допаѓа најмногу?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button