Симптоми на болеста од која почина папата – како да препознаете воспаление на белите дробови

Папата Франциск, поглаварот на Римокатоличката црква, почина на 89-годишна возраст, како што соопшти Ватикан. Светските медиуми известуваат дека тој починал од воспаление на белите дробови, со кое се борел од 14 февруари, кога бил хоспитализиран.
Иако по неколку недели под строг лекарски надзор бил отпуштен од болница и се чинело дека неговата здравствена состојба се подобрува, за жал, следел фатален исход.
Advertisement
Што е обострано воспаление на белите дробови?
Обострано воспаление на белите дробови, познато и како билатерална пневмонија, е инфекција која ги зафаќа двата бели дроба.
Најчесто е предизвикана од бактерии, вируси или габи. Оваа состојба може да биде особено опасна за постари лица или за оние со ослабен имунолошки систем.

Симптоми на воспаление на белите дробови:
Болка во градите при дишење или кашлање
Постојана кашлица која не поминува
Искашлување на слуз, гноен секрет или, поретко, крв
Замор
Грозница, потење и треска
Температура пониска од нормалната телесна температура
Мачнина, повраќање или дијареа
Краток здив
Како што објаснуваат експертите, зголемената температура е првиот сигнал и често се јавува пред настанување на воспалението на белите дробови. За жал, многумина го занемаруваат овој симптом или го припишуваат на други болести.
Зошто беше подложен Папата Франциск на ова заболување?
Папата Франциск имал историја на респираторни проблеми. Како млад, боледувал од плевритис (воспаление на плеврата), поради што му бил отстранет дел од белодробното крило. Ова го направило особено подложен на белодробни инфекции.
Во февруари, поради бронхитис, бил примен во болница, каде што се развила обострано воспаление на белите дробови. Ситуацијата се комплицирала, и папата поминал извесно време на респиратор. Иако бил отпуштен од болница, неговата здравствена состојба се влошила, што довело до неговата смрт.
Обострао воспаление на белите дробови е сериозна болест која бара итна медицинска интервенција. Особено е опасна за постари лица и за оние со претходни здравствени проблеми. Препознавањето на симптомите и навременото лекување се клучни за успешно опоравување.