Реклама
MAMAКафе муабет

Што гуглаат жените? Еве што најмногу ги интересира додека се во изолација

Реклама

Во екот на пандемијата со која се соочи целиот свет, луѓето мора секојдневно поголем дел од времето да го поминуваат дома. А што најмногу ги интересира жените во овој период?

ФОТО: westcoastaromatherapy.com

Бидејќи салоните за убавина мораа повремено да ги затворат своите врати, дамите останаа без услугите на своите козметичари, фризери и многумина од нив се свртија кон „направи сам“ методите. Одговорите на прашањата поврзани со убавината и негата на телото ги пребарувале на Гугл, а порталот Flawless.org одлучил да провери што ги интересира најмногу жените.

Кога е во прашање негата на косата, најчесто ги интересира како да ја намотат косата со помош на пегла за коса. Освен тоа, пребарувано е и како самите да се шишаат, како костата да расте побрзо и колку често е потребно миење на косата.

Маркетинг

Поимот make-up се пребарува 135 илјади пати месечно, а последните недели најчесто се пребаруваат одговори на следниве прашања: Како се шминка? Како се чисти шминката? Како да ги шминкам очите? Како убаво да изгледам и без шминка?

Исто така, многумина ги мачи и тоа како да го отстранат гелот од ноктите додека се дома, но и како да го копираат изгледот на ноктите на Ким Кардашијан. Многумина ги интересира и тоа како изгледа животот на нивните идоли, како Кајли Џенер, Ариана Гранде и Ким Кардашијан.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button