Реклама
MAMAКафе муабет

Што давате – тоа и ви се враќа. Затоа, изградете позитивен став во вашиот живот!

Реклама

Зошто е важно да изградите позитивен став кон животот? Проблемите доаѓаат и ја бришат насмевката од вашето лице, но во секојдневието мора да пронајдете среќа. Кога ќе ви дојдат негативните мисли, повторете си дека тоа е само минлива работа…

ФОТО: livehappy.com

Алберт Ајнштајн зборувал дека животот е како возење вселосипед. Постојано мора да одите напред и не смеете да застанувате, со цел да не ја изгубите рамнотежата. Патегите кои ги „возите“ не се секогаш рамни и безбедни. Секој ден излегува по некој „ѕвер“ кој може да ве исплаши, да ве изнервира или расплаче. Понекогаш се опуштате, па ви се чини дека ја губите рамнотежата и потоа не можете да се пронајдете самите себе.

Некои луѓе се постојано оптимисти и се родени со насмевка на лицето, силни и секогаш подготвени да се борат. Другите пак, колку и да им е среден животот, природно се негативни, незадоволни и исплашени. Реалноста во која живееме е најважниот фактор. Проблемите не’ прават помалку способни да се смееме, но суштината лежи во тоа да не се предадеме. Човечката психа е програмирана така што понекогаш прерано се подготвуваме за траумите кои (не) би следувале, па затоа произведуваме негативни мисли. Некој во тоа е погласен, некој е потивок.

Маркетинг

Не заборавајте дека, како што вели една кинеска поговорка, ако храните зелена гранка во срцето, на неа ќе слета птица која пее. Анализирајте се себеси и не жртвувајте си ја својата среќа поради другите. Радувајте се на секој нов ден. Дајте си задача секојдневно да пронаоѓате трошка среќа и ќе сфатите дека таа е вашата мотивација. Од една врата на среќата, ќе ви се отвори и друга, па ќе го смените и погледот кон животот.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button