Шармантната водителка Марија Атанасовска има преубава сестра која сигурно ја знаете – „верувале или не, ама сме (родени) сестри“ (фото)
Ангажманот со теми од областа на здравството за Марија Атанасовска започнал во 2016 година, а сега е препознатлива по телевизиската емисија „Телма амбуланта“.
Марија не се експонира на социјалните мрежи, приватноста си ја чува далеку од рефлекторите, а многумина не знаат дека шармантната водителка и новинарка, има подеднакво убава сестра. И што е поважно, и сестрата на Марија беше дел од медиумите, односно своевремено беше водителка, но на друга телевизија.
Станува збор за Тања Атанасовска, водителката на популарната емисија „Бумбар“.
„Од рубриката “Верувале или не” издвојуваме: Да, јас и Марија Атанасовска сме сестри“, напиша Тања на својот фејсбук-профил, оставајќи ги вчудовидени добар дел од оние кои ја следат на социјалните мрежи.
Тања сега веќе не е на теве-екраните, туку кариерата ја продолжи во друга насока. Вработена е во секторот за односи со јавност во Општина Кисела Вода.