Реклама
Рецепти

Штрудла од смокви и јабуки и песната „Feeling Good“

Реклама

Од богатиот гурмански арсенал на нашиот готвач Секи Перо, кој живее и работи како кувар во Австралија, за денес избравме еден едноставен и вкусен десерт кој буквално сите го сакаат!

strudlicka1

Перо е замислен, размислува за денот кога ќе ја посети Македонија и ќе јаде штрудла со своите пријатели… 

Маркетинг

Начин на подготовка:

1. Сувите смокви исечете ги на коцки и заедно со зрната грозје, натопете ги во мараскино

Маркетинг

2. Јаболките излупете ги и грубо изрендајте, а бисквитите здробете ги.

3. Во сад измешајте ги смоквите, јаболките, бисквитите, ф’стаците, шеќерот, лимоновата кора, циметот и ванилиниот шеќер.

4. Лиснатото тесто развлечете го со сукало во две широки ленти со должина од 40 и ширина од 20 сантиметри. Едната лента ставете ја на лим за печење и на неа положете ја претходно припремената смеса (филот), а потоа покријте ја со втората лента. Притиснете ги рабовите на тестото со виљушка за да се добие декоративен ефект.

strudlicka1

5. Површината на колачот засечете ја на пар места (отприлика на секои 2 сантиметри) и со помош на четка, премачкајте ја целата штрудла со претходно изматената жолчка од јајце.

6. Печете ја штрудлата во печка 30-35 минути, на температура од 200°C.

7. Неколку минути пред штрудлата да биде готова, посипете малку шеќер во прав.

Штрудлата најдобро се служи додека е млака, а по желба, врз неа можете да додадете и малку лимонов сок.

 Потребни состојки:

1 пакување замрзнато, лиснато тесто; 200 грама суви смокви; 2 кисели јаболки; 40 грама суво грозје; 40 грама ф’стаци; Неколку бисквити (по личен избор); 2 лажици шеќер; Изрендана кора од лимон; 1 пакетче ванилин шеќер; Цимет- 1 јајце; Од 50 до 100 грама Мараскин (или било каква цреша, вишна…)



И секако, не заборавајте го малиот совет што доаѓа директно од кујната на големите мајстори, како што е нашиот готвач Перо, а кој гласи: храната најдобро се јаде со добра и тивка музика, и добро избрано друштво.. 

{youtube}CmwRQqJsegw{/youtube}

Пријатен апетит …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button