Што е многу, многу е! За капутот и чизмите на Северина треба да издвоиме повеќе од шест просечни плати во Македонија
Северина веќе неколку дена си ги полни батериите во Париз
Таа во Градот на светлината е со својот сопруг Игор Којиќ и синот Александар. Откако го посетија Дизниленд пејачката се пофали со фотографии од Монмартр, уметничкиот кварт на градот и ги воодушеви сите со нејзиниот гламурозен стајлинг. Таа овој пат носеше долга „влакнеста“ бунда без ракави во впечатлива сина боја во комбинација со чизмички од кадифе во слична нијанса. Чизмите се со потписот на генијалниот белгиски дизајнер „Dries van Noten“ и за нив треба да издвоите нешто помалку од 800 евра.
Ако земеме во предвид дека цените на овие бунди од „Inverno Caldo“ се движат некаде од 500 до 1200 евра, можеме да кажеме дека еден „обичен“ Македонец со просечна плата од 300 евра за оваа комбинација би требало да работи минимум шест месеци.
Што е многу, многу е, нели?