Реклама
Celebrity

Сетрата на Илон Маск во фокус на „хејтерите“ – која е Тоска Маск и зошто ја мразат

Илон Маск не е единствената славна личност во семејството. Тука е и таа, Тоска Маск (50), помладата сестра на Илон, можеби помалку „луда“, но многу креативна и секако, многу богата.

Реклама

И покрај тоа што помина една недела од инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, светот се уште зборува за гестот на Илон Маск за време на неговиот говор во Капитол Уан арената.

Тоска и мајка ѝ Маје Маск, инстаграм принтскрин

Тој беше критикуван откако рече дека „го дал своето срце на публиката“ со гест што се смета за сличен на „нацистички поздрав“.

Сега критики добија и најблиските роднини на технолошкиот магнат. Конкретно, неговата сестра Тоска, која ја води веб-страницата Пешнфликс, онлајн платформа за стриминг филмски верзии на еротски романи. Таа е во фокусот на омразата на многумина поради лудориите на нејзиниот брат, пишува Дејли Мејл.

Маркетинг

„Не купувајте од Нацифликс“, „Со среќа да најдеш актери кои сакаат да глумат во твоите филмови Тоска Маск, ти и твоето семејство сте одвратни“, „Престанете да го поддржувате Шешнфликс. Тоска е одвратна љубовница, исто како нејзиниот брат“, „Како ќе го оправдаш бранењето на нацистичкиот поздрав?“, „Парите не купуваат здрав разум или карактер“, – огорчени се коментарите на социјалните мрежи.

принтскрин

Тоска не одговори на критиките, но повторно објави изјава од Антонио Грасијас, милијардерот основач и извршен директор на Valor Equity Partners.

Маркетинг

„Тесно соработував со Илон повеќе од 20 години. Неговото срце е чисто и неговата единствена мисија е да му помогне на човештвото. Во моите најтемни моменти, тој ми го покажа патот да изберам храброст и сочувство наместо страв и омраза. Да верувам во што било друго е апсурдно“, вели Грасијас.

Но, затоа пак, мајката на Тоска (и на Илон Маск), Маје, објави серија пораки насочени кон хејтерите на компанијата на нејзината ќерка и им се заблагодари на бројните луѓе што се претплатиле или подарувале претплати на страницата на нејзината ќерка.

И Илон им одговори на „хејтерите“.

„Поразително е колку се лудо упорни мејнстрим медиумите во обидот да ме нападнат затоа што реков „моето срце е со вас“ и ја префрлив мојата рака од моето срце кон публиката. На крајот, ова ќе биде уште еден клинец во ковчегот на мејнстрим медиумите“, напиша тој.

принтскрин

Маск, исто така, објави видео на кое францускиот политичар Емануел Макрон прави сличен гест, а исто така сподели и серија нацистички игри на зборови.

Неговата објава ги исмеваше имињата на заменикот на Адолф Хитлер, Рудолф Хес, нацистичкиот пропагандист Јозеф Гебелс, претседателот на Рајхстагот Херман Геринг и командантот на СС Хајнрих Химлер.

Која е Тоска Маск

Илон Маск не е единствената славна личност во семејството. Тука е и таа, Тоска Маск (50), помладата сестра на Илон, можеби помалку „луда“, но многу креативна.

Тоска е креаторка и извршна директорка на проектот Пешнфликс (Passionflix), услугата за стриминг која е наменет исклучиво за женската публика, нудејќи еден вид на страсен и романтичен Нетфликс.

Идејата зад Пешнфликс е едноставна: да се продуцираат ТВ серии и филмски адаптации на романтични и еротски романи, достапни за јавноста по цена од 6 долари месечно. Само за реализација на овој проект Тоска вложила 22 милиони долари.

Пешнфликс е родена во умот на продуцентката со цел да се пополни празнината во забавната индустрија од романтично-еротскиот жанр. А, покрај продукцијата на филмови и ТВ серии, Тоска често и самата ги режира. Тоска Маск е всушност и режисерка.

Родена е во Јужна Африка, како нејзиниот постар брат Илон, и веќе со години се занимава со кинематографија, од режија до продукција.

На Инстаграм таа се опишува себеси како „режисерка и мајка“ на близнаците Ајзабо и Грејсон. На социјалните мрежи споделува моменти од работата зад камерите и од паузите на снимањата, но и моменти од патувања и од приватниот живот.

Зад успехот стои мама

Манекенката и писателка, Маје Маск игра важна улога во животот на нејзините две деца. Таа ѝ помага на својата ќерка Тоска околу продуцентската куќа.

Таа е и етаблирана нутриционистка и симбол на злоупотребените жени, откако во својата автобиографија „Жената прави план“ ги раскажала годините на злоупотреба што ги претрпела од нејзиниот сопруг Ерол Маск, пред да го остави и да ги земе нивните три деца со неа: Кимбал, Тоска и Илон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Накусо, Маје е главна поддршка на славните деца во семејството и секогаш е тука да ги советува и да им помогне.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button