„Сестрице најмила, до последно се надевав дека е грешка…“ – Каролина скршена од болка се простува од Сара и од колегите музичари
„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка…“

И Каролина Гочева преку својата инстаграм-страница се прости со трогателни зборови од своите колеги, музичари со кои ја врзуваат многу спомени и заеднички минати мигови.
„Толку прерано згаснати животи, таква неопислива болка за толку многу семејства, каква страшна трагедија Нема утеха, само голема тага и ужас… Најдлабоко сочуство до сите кои ги изгубија своите најмили“, напиша Каролина изразувајќи ја својата неизмерна болка и тага.
Потоа, таа се обрати со тажна порака на нејзината многу блиска пријателка, Сара Пројковска.
„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…многу ќе ми фалиш Сарке моја“ – напиша Каролина, постирајќи серија фотографии од среќните денови кога се дружеле и пееле заедно.





Малку подоцна, следуваше уште една проштална порака објавена на Инстаграм, овојпат со групна фотографија од музичарите кои го загубија животот во дискотеката на смртта.

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги, Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….
Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце кое го имаат допрено преку нивната работа. Занемени сме од болка!
Најдлабоко сочуство до нивните семејства и најблиски!“ – напиша таа.