Сексапилната фолк-пејачка ужива на Флорида, живее како кралица – луда забава со латино танци и пикадо
Пејачката сподели нови фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледа како блеска и дека навистина ужива во секој миг од животот.
Во изминативе години фолк-пејачката живее на релација Америка – Македонија, но очигледно дека повеќе престојува на Флорида, особено во периодот на постудените денови. А таму, си има полни раце работа, пее по клубови и има свој тим со кој соработува.
Судејќи според фотографиите што ги споделува, на сексапилната Анета Наковска животот во САД ѝ годи.
Овојпат ја гледаме во целосно црна модна комбинација која ги истакнува нејзините женствени облини, а изгледот е заокружен со прекрасен долг кардиган со везови. На нозете носи патики, но само во вакви полежерни изданија.
Изгледа дека ноќта е доволно долга за да се организираат и различни забави.
На пример, забава со латино-танци кои се исклучително популарни во Америка, но и натпреварување во пикадо.
Очигледно е и дека наоѓа време за грижа за себе, односно за нега и козметички третмани. Погледнете ѝ ги само совршено средените веѓи и убаво обликуваната полна усна.
Инаку, Анета и сопругот, бизнисменот Спиро Крлевски, во село Велгошти изградија огромна куќа во традиционален стил со двор кој дополнително фасцинира. Денес, оваа куќа е трансформирана во ресторан Деспина.