Шарм каков ретко гледаме – либанската убавица во центарот на вниманието на филмскиот фестивал во Венеција (фото)
Рита Хајек во неодоливо издание на премиерата на филмот „The Insulte”
Актерката за премиерата на филмот „The Insulte“ која се одржа на филмскиот фестивал во Венеција избра креација во пурпурна боја која максимално го истакна во преден план сиот сексапил на познатата либанска убавица.
Фустанот можеби не е најдоброто модно решение за ваков тип на настани, но несекојдневната убавина на актерката која наскоро ќе ја гледаме во француско-либанското остварување дефинитивно ја поправи работата
Рита изгледаше сјајно и преку ден на конференцијата на која се појави во едноставен, црн фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело.
На премиерата на филмот се појави и француската продуцентка Жили Гаје која пред неколку години беше во центарот на голем скандал поради нејзината афера со францускиот претседател Франсоа Оланд.