Реклама
Култура[тор]

Секс, лаги и диви гуски

Реклама

Премиерата на претставата „Секс, лаги и диви гуски“ во режија на Нина Николиќ која е работена по текстот „Олд Сејбрук“ на Вуди Ален, ќе се случи утре (среда, 25 април) во 21 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.

Светски познатиот режисер, актер, стендап комичар и писател Ален периодов е актуелен со неговиот најнов филм „За Рим со љубов“, а во Македонија се поставува едно негово постаро, но вонвременско дело. Во „Секс, лаги и диви гуски“ играат: Перо Арсовски (или командирот од „Тетовирање“, Бургер во „Среќна нова ‘49“ … ), Сабина Ајрула (или Вера од „Сенки“, Николина во „Жед“, ..) и младата екипа професионални актери – Мартин Јордановски, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Симона Спировска, Тина Трпкоска.
 
Фокусот на претставата е дека изговореното (неверство, навреда, откриената лага итн.) не можат да се избришат и заборават. Најголем дел од нештата кои што имале какво и да било влијание врз нашата емотивна интелегенција (без разлика дали предизвикале среќа или тага) не можат да се поништат на ниту еден начин и влијаат на односот со и кон човекот кој ни ги направил.

Маркетинг

 
Нина Николиќ има дипломирано театарска режија во класата на Слободан Унковски на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Заедно со тимот на Центарот за драмски уметности „Т-Хаус“ работеше на проектите: „Неверство“ по истоименото дело на Харолд Пинтер, кореодрамата No norms, no rules и „Луди за Љубов” по текст на Сем Шепард. Таа ја режираше и претставата „Светица на темнината” по текст на еминентниот македонски писател Венко Андоновски која беше посветена на 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.

Маркетинг

Покрај премиерата, веќе се закажани уште 3 изведби на „Секс, лаги и диви гуски“ на четврток (26 април), сабота (28 април)и недела (29 април). Билетот чини 200 денари, а место може да се резервира на bileti@mkc.mk
 
Претставата е во продукција на „Круг“ во соработка со Младинскиот културен центар, а финансирана е од Министерството за култура.
 
Со почит,
Филип Николовски
ЈУ Младински културен центар

Врати се на прва страна.

Поврзано

Back to top button