Култура[тор]

Сексапилен едиториал во стар Холивудски стил

Villanueva and Stone е фотографија со седиште во Јужна Калифорнија со наклонетост кон нешто кое се класифицира како луксуз со неизменет сексапил. “

Joe Villanueva и Katie Stone се запознале како студенти во исти клас, кои непосредно потоа започнале и личен однос. Генезата на ова фотографско дуо започнува кога Villanueva почнал да и помага на Stone околу некзиниот моден/фотографски/креативен блог со правење фотки од својот iPhonе. Откако ова станало премногу фрустрирачки за нив, одлучиле да купат професионална камера, со намера да го подобрат квалитетот на блогот и оттогаш им станало опсесија да се фотографираат меѓусебно.

Оваа опсесија довела до откривање на нивните таленти како вешти фотографи, вешти во донесувањето на органски сексапил во своите модели, без прибегнување кон глупава фотографија. Овој едиториал ‘Reborn’ ја носи со себе старата Холивудска пин-ап естетика со младешка виталност. 19-годишниот модел Kayslee Collins е амбициозна пејачка / текстописец и таа покажува поинаков талент во редакцијата. Немојте да се изненадите ако слушнете или видите нешто неочекувано за неа, таа е нескротлив лик и многу способен модел.

alt

alt

alt

alt

alt

—————————–

altЗапознајте се со правилата на Наградната игра „Бесплатно бојадисување на вашата косата со бои на природна база “ што Академијата & Фризерско студио Авангард ја доделува на една наша читателка!

Маркетинг

Поврзано

Back to top button