Се сеќавате на Ања Ветерова, македонската претставничка на Детска евровизија? Еве каде е, што прави и каква убавица е денес (фото)
Во 2010 година слаткото девојченце со глас на славеј ја претставуваше Македонија на Детска евровизија. Сега, 14 години подоцна, таа е убавица од „Беркли“.
Поп-пејачката Ања Ветерова денес има 25 години и дипломец е на престижниот универзитет „Беркли“, САД.
Уште од мала ги покажа своите извонредни гласовни способности и музикалност, учествувајќи на повеќе фестивали надвор од Македонија.
Ања дебитираше на музичката сцена во 2004 година, на детскиот популарен фестивал Супер ѕвезда. Македонија ја претставуваше на Детска евровизија во 2010, која се одржа во Минск, Белорусија, со песната „Еооо, еооо“ (Магична песна), напишана од Дарко Димитров и Елена Ристеска.
Ја видовме и на макфестовската сцена во 2016 година. А, потоа, се повлече од јавноста. Но со добра причина. Таа замина да студира на престижниот музички универзитет Беркли, дипломираше, и сега живее и работи во Бостон. Поточно, по дипломирањето веднаш добила работа и тоа на „Беркли“ во Центарот за кариера.
Одвреме-навреме Ања споделува фотографии на социјалните мрежи на кои е воочливо дека има изграден свој стил на облекување, а изгледа и дека е во топ форма.
Би ја препознале?