Реклама
Нега и здравје

Се бричите таму долу? Еве што треба да знаете за тоа!

Реклама

Отстранувањето на влакната од интимните делови на телото, денес стана дел од личната хигиена.

 brichenje

Отстранувањето на влакната од интимните делови на телото, денес стана дел од личната хигиена. Влакната на бикини зоната може да се отстранат со делипација, разни креми, но и со брич. Доколку и вие се определивте за последната метода, сигурно веќе сте имале некои непријатни искуства. За да си помогнете себеси, придржувајте се до овие неколку совети.

Маркетинг

1. Избор на брич

Погрижете се бричот да го менувате најмалку еднаш месечно. Тапите сечила ја оштетуваат кожата и предизвикаат иритација, но и ширење на бактерии.

Маркетинг

2. Вистинско време за бирчење

Со бричење не започнувајте уште при влегување во кадата или под тушот. Оставете ја оваа активност за крај, зашто тогаш кожата е најмека, исто како и влакната.

3. Подготовка

За да спречите иритација на кожата, припремете ја истата пред бричење. Најпрво направете пилинг на бикини зоната, а потоа омекнете ја кожата со лосион за туширање. Измијте, а потоа можете да ги исчешлате влакната со стара четка за заби.

4. Не заборавајте ја пената

На кожата ѝ е неопходна пената за бричење, со цел бричот полесно да се движи. Ако немате специјална пена наменета за тоа, тогаш во ова ќе ви помогне и обичен сапун, балсам за коса, па дури и некоја поблага крема за лице.

5. Нега после бричењето

Најлошото помина, но уште не сте готови. Веднаш по бричењето нанесете лосион за тело или бебешка крема, а на евентуалните исекотини нанесете антисептик.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button