Реклама
Култура[тор]

Scream Music Festival 2

Реклама

Вториот по ред Scream Music Festival кој ќе се одржи во Метрополис Арена, ќе го тресе Скопје два дена годинава!!! Организаторите Нова Х Идеа најавуваат голем рок спектакл за 11 февруари, и незаборавен настан за сите љубители на клубските журки на 17-ти…

Маркетинг

Ареа, SARS, Negativ, Elektricni Orgazam, Sanatorium и Last Expedition се бендовите кои ќе ја тресат сцената на Метрополис Арена на 11.02. Организаторите Нова Х Идеа, искажуваат посебно задоволство што меѓу најголемите балкански бендови кои веќе го потврдија учеството на фестивалот , култниот македонски бенд од 90-те Ласт Експедишн, својот камбек во полн и оригинален состав ќе го имаат токму на Scream Music Festival.

„Ова ќе биде одлична можност за помладата публика во живо да ги слушне антологиските Шефе, Ќељав дабар, Без мене, Тину-нину песна, Не е важно, Интервју со скитникот, а со тоа да го почувствуваат духот на деведесетите“ – изјавуваат од Нова Х Идеа.

Маркетинг

alt

Цени:

До 15 јануари – 400.00 мкд.

Од 15-ти до 29-ти јануари – 500.00 мкд.

Последните 2 недели пред фестивалот – 600.00 мкд.

За оние кои ќе сакаат да го проследат настанот од галерија, цената на влезниците изнесува 800 денари.

alt

А како што рековме, на 17-ти февруари по барање на клубската публика ќе се одржи голема журка! Најпознатите DJ-и од електро, техно и хаус сцената DJ Умек, Шарам од Дип Диш, Грамофонџие и нашиот  DJ Никифор ќе бидат оние кои ќе го вратат сјајот на Скопје како град кој беше препознатлив по клубските журки.

После напливот на турбо-фолк концерти сигурни сме дека на 17-ти февруари скопјани и сите почитувачи на клубската сцена ќе уживаат во шестчасовниот спектакл со едни од најдобрите балкански и светски DJ-и.“ – изјавуваат организаторите Нова Икс Идеа.

alt

Пропратни елементи на сетовите на ДЈ-ите кои зад себе имаат блескави кариери ќе бидат НАЈДОБРО ОЗВУЧУВАЊЕ ДОСЕГА И МНОГУ СВЕТЛОСНИ ЕЛЕМЕНТИ И ЛАСЕРИ!!! DJ Umek е изгласан за најдобар техно артит од “Beatport”. Deep Dish влегоа во центарот на вниманието на светската сцена со својот деби албум, но и со ремиксите на Мадона, Габриел, Шер итн. и сосема заслужено станаа добитници на повеќе „Греми“ награди. „Why don’t you“ на Грамафонџие се најде на најпопуларната топ листа – „Британскиот Топ 20“, а хитот “Brazilian” го постигна истиот успех. DJ Никифор ќе биде резидент на овој голем музички настан…

alt

Билетите за журката на 17-ти :

До 22-ри јануари – 500 денари,

До 5-ти февруари – 600 денари,

а последните дванаесет дена пред фестивалот билетите ќе чинат 700 денари.

За оние кои ќе сакаат да го проследат настанот од галерија, цената на влезниците изнесува 800 денари.

Продажната мрежа на www.mktickets.mk , Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, како и Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор се местата на продажба на влезниците на двата настани од ова второ издание на Scream Music Festival.

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button