Огласи
MAMAКафе муабет

Санторини е подготвен за туристи: Поставени се првите лежалки со заштита

advertisement
advert

Сопствениците на хотелите во Грција се подготвуваат да ги дочекат туристите, преземајќи ги сите заштитни мерки за заштита од коронавирусот.

ФОТО: worldtravelguide.net

Посебни заштитници од плексистакло, пешкири за еднократна употреба и антисептици се само некои од мерките кои ги преземале сопствениците на големите луксузни хотели. На идејата за лежалки со заштита, прв дошол хотелиерот и сопственик на луксузниот хотел „Suites of Gods“. Тој на плажата Perissa поставил лежалки со заштита од плексистакло, што се смета за идеална заштита, посебно за семејство со деца.

Со оваа конструкција гостите на хотелот повеќе не ќе мора да се грижат поради можното пренесување на корона. „Личностите во хотелот ќе бидат опремени со маски и ракавици. Видовме слични инсталации во светот, па дојдовме на идејата тоа да го направиме и на Санторини, со цел нашите клиенти да се чувствуваат посигурно“, вели сопственикот на наведениот хотел на Санторини.

реклама

Растојанието помеѓу лежалките ќе биде четири метра, а плексистакло ќе биде поставено и од левата и од десната страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button