Шминка

Шампон кој може да го смени изгледот на вашата коса – само кажете што сакате и ќе имате коса за каква отсекогаш сте сонувале!

Advertisement

Шампон и регенератор кои се создадени според вашите желби и потреби!

Advertisement

„Function of beauty” е стартап компанија од Њујорк која со својата работа започна во октомври минатата година. Тие создадоа шампони и регенератори кои луѓето ќе можат сами да ги прилагодуваат на својот тип на коса во зависност од тоа каква цел сакаат да постигнат. Па така ако сакате мазна и сјајна коса, можете да ја известите компанијата и тие ќе ја направат смесата што ќе ви одговара најмногу. Компанијата работи помалку од една година, а веќе има постигнато голем успех и прави огромни приходи. 

Како да ја сочувате шминката на високи температури >>

Но основачот на компанијата, Заир Доса, одбива да одговори колкави се приходите на неговата компанија „Function of beauty”  која сега вреди повеќе од 96 милиони евра.

Advertisement

Постојат „само“ 12 милиони комбинации

Заир Доса до својата идеја дошол за време на студиите. Додека ја правел својата дисертација која се фокусирала на синџирот на вредности и електронската трговија, започнал да проучува најразлични индустрии. „Забележав дека индустријата за убавина е најтрајна, а интересно е дека нивниот синџир на вредност се нема променето во последните 100 години“, изјави Доса за businessinsider.com.. Поради овие бројки тој одлучи да изгради директно потрошувачка компанија која посебно ќе се фокусира на нега на коса. Неговите шампони и регенератори можат бескрајно да се прилагодуваат на различните типови на коса, односно „Function of beauty” може да создаде дури 12 милиони комбинации од своите состојки.

А еве и како функционира сето тоа

Се започнува со квиз кој треба да го поминете на нивната заедничка страна. Луѓето одговараат на прашањата за својата коса, нејзината структура и слично. Потоа треба да изберете пет цели кои сакате да ги постигнете за вашата коса, како што се на пример волумен или продолжување. Потоа ја избирате бојата и мирисот на шампонот и регенераторот, и компанијата ја прилагодува формулата на производите според вашите податоци. Производите потоа се испраќаат на домашна адреса, и муштериите можат веднаш да ги тестираат. И доколку не одговараат, можат да ги вратат назад, и компанијата веднаш ќе креира нова формула без повторно да ви ја наплати.

Повеќе фотографии од овие производи можете да видите тука >>

Извор: Telegraf.rs Фото: functionofbeauty.com 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button